Почетна Вести Скопје ќе добие црква посветена на „Мајка Тереза“

Скопје ќе добие црква посветена на „Мајка Тереза“

282
0

Католички храм ,,Мајка Тереза‘‘ ќе гради Католичката црква во Скопје. По канонизацијата на најголемата хуманитарка на четврти септември во Ватикан, таа ќе биде првата Скопјанка која е прогласена за светец во целиот католички свет.

Бискупот Киро Стојанов најави дека и спомен куќата ќе биде прогласена за светилиште. Во чест на Гонџа Бојаџиу почесниот одбор ќе приреди татковинска прослава во нејзиниот роден град под мотото, „Денови на Блажена Мајка Тереза“.

Katolicka i Valentina 4Покровител на настаните по канонизацијата е Претседателот на државата.

Четврти септември ќе биде денот кога ќе се слави светоста на Мајка Тереза и нејзините многубројни хуманитарни дела низ светот. Во септември ќе се одржат низа настани во име на Мајка Тереза, посветени за хуманитарните организации, лекарите, свештениците и сестрите следбенички на нејзината мисија.

-Во понеделник на 5 септември кој е првиот ден од деновите на блажена Мајка Тереза, е ден кога молитвено ќе ја изразиме благодарноста до Господ за тој дар што Мајка Тереза е прогласена за светица. Вторник е ден на здравствените службеници затоа што Мајка Тереза практично се трудеше и се грижеше за болните да им помогне на тие кои се со телесна и здравствена потреба. Среда 7 септември е ден на Каритас, Црвениот крст…во чест на хуманитарката Мајка Тереза која им помагаше на сиромашните, истакна Стојанов.

Katolicka i Valentina 2На конститутивната седница присуствуваа претставници на државниот врв, градоначалникот на Град Скопје, директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска, академската заедница и многу други институции кои ќе дадат свој придонес во одбележувањето на канонизацијата на најпознатата скопјанка.

Директорка Божиновска, нагласи дека координативното тело ќе чествува во духовна скромност на Мајка Тереза, а сепак, како што рече, тоа ќе биде и таинствено онака како што таа знаеше да каже „На светот не му е потребно корка леб и дека тој не чезнее за корка леб туку чезнее за многу повеќе љубов“.

– Во координативното тело и во чествувањето на Татковинската прослава, место заземаат повеќе институции и министерства меѓу кои и мининстерствата за култура, за образование, за здравство…, МАНУ, со кои во првите денови ќе направиме свечена академија на која ќе се говори за животот и делото на Мајка Тереза. Тука се двете најзначајни катедри на Филозофскиот факултет, а тоа се Катедрата за социологија и Институтот за социологија и религија и др., информира Божиновска.

Според неа, програмата ќе биде мобилна и се надева дека секојдневно се повеќе институции ќе учествуваат во програмата за одбележување на Татковинската прослава.

Гонџа Бојаџиу е родена 1910 година во Скопје, каде живее до 18 години по што заминува во хуманитарната мисија која ја носи се до Калкута, Индија каде го формира  мисионерското сестринство кое се грижи за болните, сирачињата и старите лица.

Мајка Тереза покрај бројните признанија го доби и најголемото кога и беше доделена Нобеловата награда за мир.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *