Почетна Вести Регион Скандалозна изјава на српски игумен – Ако не сакаш мажот да те изневерува, дотерај се малку сестро

Скандалозна изјава на српски игумен – Ако не сакаш мажот да те изневерува, дотерај се малку сестро

594
1

Не се непознати ситуациите во кои српски владици или свештеници ја брануваат јавноста со свои изјави. Нов таков случај е игуменот на манастирот Свети Петар и Павле кај Мионица, Арсениј Јовановиќ.

Имено, пораката од игуменот Арсениј е следнава: „Супер сме, се дотеруваме додека се забавуваме, а после тоа – здраво. Веќе не обрнува внимание на себе, таа е дебела, разбушавена, тој го пуштил стомакот, му смрдат нозете, подригнува – до многу полошо“, предупреди игуменот во смисла дека страста во бракот лесно може да стивне.

Многу сопруги се жалат дека мажите ги изневеруваат „Тогаш велам – дотерај се малку, сестро, биди му привлечна“, рекол игуменот, по што тој и сите присутни се насмеале.

Коментар(1)

  1. Ги слушам видеата на отец Арсеније на YouTube и мислам дека е од Бога вдахновен кога предава.
    Вистина зборува тој кога вели: „Ако не сакаш мажот ( мисли на сопругот) да те изневерува, дотерај се малку сестро“. Незнам зошто цените дека оваа изјава на отец Арсеније не му е на Бога угодна кога кажано ни е дека бракот е света тајна помеѓу маж, жена и Господ. Логично е дека во одбраната на бракот од искушенија спаѓа и брачниците да се допадливи, чисти, уредни… еден за друг. Окото нивно да не погледне соблазнително настрана, ниту со желба срцето да не затрепери настрана, ниту умот да не падне во фантазии, а до физичка реализација на прељуба и неверство никако да не дојде. За да не ескалира човечката слабост, затоа брачниците треба да се допадливи еден на друг. Кога отец Арсеније го изјави ова јас така го разбрав, а поинаку и не може да се разбере ако умот го води Божјиот дар за расудување.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *