Почетна Вести Скандалозен став на српскиот патријарх: Горанците се одродени Срби
Скандалозен став на српскиот патријарх: Горанците се одродени Срби

Скандалозен став на српскиот патријарх: Горанците се одродени Срби

1.56K
4

Скандалозен став изнесе српскиот Патријарх Иринеј во обемното интервју за телевизискиот канал на СПЦ, ТВ. ХРАМ, во врска со етничката припадност на Горанците. Патријархот Иринеј ги прогласи за одродени Срби кои го прифатиле исламот. Иако Горанците во над 85 % се декларираат како Македонци, сепак Српскиот патријарх тврди дека тоа биле Срби, кои го зборувале најчистиот српски јазик.

irinej-spc-2Во истото интервју Иринеј, зборувајќи за Албанците на косови ги ословува со навредливиот термин „шиптари“.

Интервјуто на Иринеј има уште многу други скандалозни ставови, кој Религија.мк ќе Ви ги пренесе.

Во продолжение погледнете ја изјавата за Горанците:

Коментар(4)

  1. Turcite na rekata Marica , 1371 god. napadnale na Srbi i Srpska drzava, a ne nitu na Makedonci nitu na Goranci. Albanci ziveat vo Albanija, a onie koi ne , osobeno na Kosovo i Makedonija samite sebe se narekuvaat Siptari, a Turcite gi narekuvaa Arnauti. Albanci postanaa istovremeno koga i poturcenite Srbi na Sandzak i vo Bosna postanaa posebna nacija –Bosnjaci, ili koga i Ciganite postanaa Romi, , Srbite vo vardarska , samo vo Vardarska Makedonija postanaa posedna nacija Makedonci Srbite vo Crna Gora crnogorci. Tao se se sluci za vrema na sumrakot Otomanskat imperija, osnovanjeto na Bugarskata egzarhija vo Skopje, nastapuvanjeto na Katolickata i protestantskata misija na Balkanot, osnovanjto na VM<RO, , a seto tao go ooformi Kominternata so pomos na komunistite na celo so Tito, koj najposle istvori Makedonska crkva.

  2. Иринеј је и ваш патријарх,што говори више од свега.

    1. Иринеј не бил, НЕ е , НИТУ ќе биде патријарх на Македонија и на Македонците. Ние имаме црква, а Горанците не се срби, туку Македонци-муслимани.

  3. Е мои грешни души, тресите глупости, а тоа е така бидејки не си ја познвате вашата историја, а камоли пак на другите народи. Цар Душан кога беше крунисан за цар во Скопје, титулата му беше Стефан Душан – цар свих Македонаца, Срба, Арбанаса и Грка, значи прво на македонците потоа на србите, значи македонците постоеле и во средниот век, не ги измислил ниту Тито, ниту КПЈ. Инаку за архиепископот Јоаникие да стане патријарх потребно беше тоа да го направат тројца независни поглавари на автокефални цркви – Охридскиот, Епирскиот и Великотрновскиот, а дека не било по волја на Цариград се гледа по фрлената анатема и врз царот Душан и врз патријархот Јоаникие, а кога визнатискиот цар бараше помош од кнез Лазар овој за возврат побара укинување на анатемата, па ке му пушти војска. значи поголема политика од оваа нема, ова не е измислица ова го пишува во историјата на СПЦ од професор Кашиќ. А патријархот Иринеј место сите да ги прогласува за срби треба да внимава покрај тоа што го изгуби Косово, да не ги изгуби и другите делови на Србија па да му остане само Белградски пашалак, како што некои мрачни сили тоа го посакуваат (да не даде Бог тоа да се случи) место православните да се подржуваме едни со други ние си ги вадиме очите со национализмот, (а МПЦ ја осудуваат за етнофилетизам, а поголеми етнофилетисти од вас нема) па другите тоа го користат за да не распарчат. И нека ние среќна новата Православна 2017 година – бидејки таа не само српска, како што милувате да ја нарекувате, бидејки и ние, и Русите и за сите што се старокалендарци – јулијанскиот календар сега е православната нова година. А и да не заборавам кралот Александар го избриша името на владиката Николај Жички од списокот на предложени кандидати за патријарх на местото на отруениот патријарх Варнава, па го избраа Гаврило Дожиќ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *