Почетна Вести Скандал во Италија: Парох од Потенца ја облече Богородица во муслиманска бурка
Скандал во Италија: Парох од Потенца ја облече Богородица во муслиманска бурка

Скандал во Италија: Парох од Потенца ја облече Богородица во муслиманска бурка

249
0

Парох од јужна Италија ги разбесни верниците кога ја облече Богородица во муслиманска бурка за сцената на раѓањето на Христос во неговата црква на која и додал и брод полн со бегалци и знаме во боите на виножитото на местото на ѕвездата од Витлеем.

Отецот Франко Kорбо од Понтеца се соочил со бесните парохјани кои во средата се собрале пред црквата за да протестираат против неговата провокативна постапка, пренесува „Брејтбарт“.

italija-skandalДон Франко, како што е познат свештеникот, истакнува дека создал специјален приказ на сцената на Христовото раѓање во име на дијалогот меѓу религиите и дека неговата порака била погрешно интерпретирана.

Прашан дали го смета својот приказ на раѓањето на Христос за богохулство, 75-годишниот свештеник рекол дека не е така, туку дека тоа е симбол оти религијата може и треба да биде инструмент на дијалог.

– Исламот е синоним на мирот и братството – истакнува свештеникот додавајќи дека исламистичкиот тероризам нема никаква врска со религијата.

Освен што на Богородица и ставил бурка, свештеникот го претставил и Јосиф како муслиман од Северна Африка и голем број од овчарите ги облекол во муслиманска облека.

– Светото семејство облечено во исламска облека е повик за отворен ум, како и порака за мир – вели Дон Франко.

За оние што се противат на неговата одлука, свештеникот рече дека нивните забелешки доаѓаат од ограниченост и форма на фундаментализам.

Иако италијанските медиуми за свештеникот наведуваат дека е добар, прогресивен пастор, голем број јавни личности го критикуваа. Така, лидерот на десничарската Северна лига, Матео Салвини, за постапките на свештеникот рече дека се луди.

По протестите во средата, парохот наводно ја тргнал контроверзната сцена заменувајќи ја со традиционалната.

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *