Почетна Вести СКАНДАЛ: Владиката Петар прекина литургија и избрка луѓе од црква

СКАНДАЛ: Владиката Петар прекина литургија и избрка луѓе од црква

4.01K
4

Владиката Петар ја прекинал литургијата и со поградни зборови и навреди го избркал, Никола Ставрески од манаститот „Св.Прохор Пчински“ во Донибург Австралија. Ставрески е поранешен близок соработник на Владиката Петар и еден од неговите поранешни поддржувачи, но откако Ставрески застана во одбрана на Игуменот Гаврил кој Владиката Петар го протера од овој манастир, тогаш падна во немилост на Преспанско-пелагонискот Митрополит.

Скандалот се случил денеска на утринската литургија во манастирот.

Погледенте го видеото, снимено од Никола Ставрески.

Коментар(4)

  1. Убаво му рече кој ти дозволи да снимаш тука,Петар стлбот и карпата на нашата црква само што не го почитуваат зборот негов,нормално што вака изрегира!

  2. Мислам дека тоа не е доволна причина за да се прекине Светата Литургија.

  3. Владиката Петар е уфрлен во МПЦ само да би ја растурил. Со таа цел го и инволвира Зоран (Јован) Вранишковски, неговиот сродник , роднина. Тоа се види од случајот што до сега во историјата на црквата не се случило еден епископ да се суди со верниците. Никогаш до сега тој не се помоли на Господа проблемите да се решаваат со Неговата, Божја помош, туку во помош ги повика иноверните, незнабожачките Австралиски моќници . На него според црковните прописи му следува автоматски , не лишување од чинот , туку оддалечување од црквата. Но бидејки МПЦ и така , бидејки непризнаена, делува без благодат божја, не можат над неа да делуваат црковните прописи. На верниците в Австралија им преостанувам ништо друго , освен да го бојкотираат воопшто да не го примаат во свијата средина и тој самиот ќе си отпадне од црквата како сува гранка од едно дрво.

  4. Штета е што во Уставот на МПЦ нема одредба со која би се наложувало, во вакви случаи да се собере одреден број на потписи за петиција за сменување на архиереј , кој што со своето делување и штети на верата и црквата. Кога би имало таква одредба Петар не би се задржал ни месец дена на архиерејска служба. Него уставот на МПЦ го штити и му овозможува вакво делување кое е од голема штета за црквата, а особено сега кога МПЦ се бори за неково си реноиме или па бар да има услови за преговори за својот легитимеитет-
    автокефалност. Тој некого ќе истерува од црква, храм, па тој е првиот кој треба ДА СЕ ИСФРЛИ ОД ЦРКВА.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *