Почетна Вести Регион Скандал ја тресе Бугарската црква – Владиката кој беше против признавањето на МПЦ криел црковни пари во руски банки
Скандал ја тресе Бугарската црква – Владиката кој беше против признавањето на МПЦ криел црковни пари во руски банки

Скандал ја тресе Бугарската црква – Владиката кој беше против признавањето на МПЦ криел црковни пари во руски банки

671
0

Бугарската православна црква изнела од Бугарија и тајно сокрила во руски банки, контролирани од Московската Патријаршија, неколку милиони долари, пишува бигарскиот портал, „Фактор.бг“, објавувајќи документи кои ги добиле од извори од Синодалната палата во Софија.

Во текстот пишува дека БПЦ овој финансиски скандал го криела од јавноста и верниците повеќе од 20 години. Финансиската афера го опфаќа периодот 1997-2000 година, а тоа е период во кој во Бугарија има два синода, едниот кој го предводи Пимен и кој е признат од бугарскиот суд и бугарската влада на ОДС, но главниот дел од црковните имоти се во сопственост на Синодот кој тогаш го предводи патријарх Максим.

Во паника дека имотите и парите од сметките ќе им бидат одземени во корист на т.н. расколниците,(приврзаници на Пимен) духовниците околу патријарх Максим носат тајна одлука да изнесат од Бугарија и сокријат големите суми во странски банки. Во опција биле разгледувани варијанти парите да бидат пренесени во грчки, кипарски или руски банки, но преовладува сфаќањето дека во Русија е побезбедно за “нашите” владици, пишува бугарски фактор.

Главниот актер во црковната афера се појавува веќе непостоечката Бугарско-руска инвестициска банка (БРИБ) и нејзиниот шеф – подоцна застрелан во Софија банкар Емил Ќулев. Од страна на тогаш дефинираниот како комунистички синод одговорен е протосингелот на Софиската Света митрополија архимандрит Гаврил, кој денес е Ловчанската владика и еден од најистакнатите претенденти за белиот патријаршиски превез. Гаврил е екстремно погоден за акција, бидејќи пред 12 години тој бил официјален претставник на БПЦ во Советска Москва.

Инаку, оваа финансиска афера се појавува во еден исклучителен период за Бугарската Црква, од која Руската Црква очекува јавно да застане зад нејзина страна во конфликтот со Вселенскиот патријарх околу Украина.

За 5 ноември, в понеделник е закажан и Синод на БПЦ на кој се очекува да биде донесена одлука за тоа кој пат ќе го фати БПЦ. Владиката Гаврил е токму најгласниот поддржувач на ставовите за блискост со Црковна Москва.

Денес Ловчанскиот владика Гаврил е единствениот чувар на овие тајни финансиски махинации со Русите.

-Специјалната улога на Гаврил во аферата ја објаснува во голема мера и исклучителната негова преданост кон московските интереси и наметнувањето кон нив во нашиот Синод во последниве години. Неслучајно Ловчанскиот владика тој е посочен како најверен на Московската Патријаршија духовник кај нас, предводник на познатата проруска група со Јован Варненски и Данаил Видински. Токму Ловчанскиот владика беше еден од прачките во БПЦ да таа не стане Црква-мајка на Македонската, одработувајќи на тој начин за руски и српски интереси, пишува Бугарски фактор.

За целата афера прочитајте ОВДЕ:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *