Почетна Вести СИТЕЛ: Нов скандал на Владиката Петар, незаконски и одземал имот заедницата на Власите

СИТЕЛ: Нов скандал на Владиката Петар, незаконски и одземал имот заедницата на Власите

551
3

Црквата Св. Константин и Елена, меѓу битолчани позната како влашката црква од неодамна е во сопственост на Преспанско – пелагониската епархија. Довчерашните сопственици на храмот – Комуната на власите Браќа Манаки до шокантното откритие дошле при постапка за легализација на дивоизграден дел од објектот кој го воделе пред надлежните институции.

sitel-petar-2Во Агенцијата за катастар им било речено дека промената на сопственоста на црквата била направена врз основа на налог од Централниот регистар. Црковниот одбор за одговор како дошло до новонастанатата ситуација се обратил кај битолскиот митрополит, кој им рекол дека написмено ќе им даде потврда дека тие се сопственици на црквата – понуда која била одбиена.

Комуната на власите Браќа Манаки бараат Синодот на МПЦ активно да се вклучи во решавање на проблемот.

Сопственоста на црковните објекти од една и јуриздикцијата над нив од друга страна, подолго време се проблем за МПЦ во Австралија. Недоразбирањата кулминираа со одземање на надлежностите на владиката Петар врз дел од црковните општини, по маратонските и милионски судски постапки пред надлежните австралиски судови.

/СИТЕЛ

Коментар(3)

  1. Vladikata Petar e posteten za MPC od Vraniskovski. Vraniskovski go placa strana crkva da ja zadusi nasata, a Petar samata MPC go finansira protiv sebe si Vnatresnite neprijateli se poopasni od nadvoresnite, kako za drzava taka i za crkva

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *