Почетна Вести Свет Сите верски заедници и цркви од Русија собраа 77 тони храна за Сирија
RUSIJA VERSKI 4
RUSIJA VERSKI 2
RUSIJA VERSKI 1
RUSIJA VERSKI 3

Сите верски заедници и цркви од Русија собраа 77 тони храна за Сирија

36
0

На 4 февруари 2018 година, за време на посетата на Сирија, делегацијата на Меѓурелигиската работна група на Советот под претседателот на Русија ја одржа најголемата акција за дистрибуција на хуманитарна помош.

Во текот на целата недела, членовите на делегацијата, заедно со претставници на христијанските цркви и муслиманските заедници во Сирија во црквите и џамиите, делеа хуманитарна помош.

Христијанските свештеници и претставници на муслиманското свештенство ги растоварија автомобилите со хуманитарна помош и заеднички им ги предадоа на сиромашните Сиријци, без разлика на нивната верска припадност.

Тие поделиле вкупно 77 тони помош,  спакувана во кутии со тежина од повеќе од 25 килограми.

Проектот бил лично контролиран од страна на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил. Ова е досега најголема акција организирана од меѓуверски делегација за помош на Сирија во војната.

Акцијата почнала рано наутро во Духовно-едукативен центар на Исламската асоцијација именувана по шеикот Ахмад Клетар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *