Почетна Вести Сириски митрополит на гости кај МПЦ-ОА
Сириски митрополит на гости кај МПЦ-ОА

Сириски митрополит на гости кај МПЦ-ОА

788
0

Сирискиот митрополит од Адијаман, Турција г. Григориос и монсињор д-р Никола Вривол, еден од долгогодишните раководители на Источно-црковниот институт во Регенсбург, Германија, биле во посета на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, соопшти факултетот.

Двајцата гости биле во неколкудневната посета на Република Македонија. Претставниците на МПЦ, како нивни домаќини одблиску ги запознале со активностите и достигнувањата на Факултетот, а воедно гостите се сретнале и со поранешните студенти на Регенсбуршкиот институт од Македонија.

За време на нивниот престој во Македонија тие имале средба и со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. На средбата присуствувал и Епископот Хераклејски г. Климент.

Гостите биле во посета и на Охрид, каде разговарале и со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

/ПБФ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *