Министерството за образование на новата управа во Сирија воведе измени во наставната програма за сите образовни нивоа, од прво одделение во основно до трето одделение во средно образование.
Теоријата на еволуцијата е исфрлена од наставната програма по природни науки, а литературните дела како приказната за кралицата Зиновија се отстранети со образложение дека се „фантазија“.
Исто така, беше одлучено да се избрише историјата на Арамејците и Хананејците и историјата на античките богови. Дополнително, референците за „одбрана на нацијата“ се заменети со „одбрана на Алах“ и фразата „човекот го жртвува својот живот во одбрана на својата земја“ е заменета со „човекот го жртвува својот живот на Божјиот пат“. Исто така „законот на правдата“ беше заменет со „Божјиот шеријат“. Евреите и христијаните „се оддалечија од вистинскиот пат“, се наведува исто така.
Голем дел од наставната програма по философија исто така беше избришана и беа направени многу промени во учебниците за исламско образование. Дополнително, Министерството нареди да се избрише сѐ она што е поврзано со годишнината од „6-ти мај“ и што е поврзано со развојот на законот според Кодексот на Хамураби, а избришано е и истражувањето за развојот на мозокот.
На Фејсбук страницата на Министерството е објавена изјава од министерот за образование Nazir al-Qadri: „Одлучивме да го откажеме тековниот курс (Национално образование) од овогодинешните наставни програми и испити поради лажните информации што ги содржи што за цел имаат зајакнување на пропагандата од режимот на Асад“.
Тој додаде: „Оценките за часот по национало образование ќе бидат заменети со часот по исламско или христијанско (верско образование), што значи дека веронауката ќе се врати во општиот вкупен збир и ќе биде вклучен во општиот број на уверенија за средно општо образование со своите гранки».
Објавите на социјалните мрежи тврдат дека менувањето на наставните програми никогаш не може да биде привилегија на една техничка влада и дека некои промени се во спротивност со науката и историските податоци. Активистите кружеа со свои објави велејќи: „Укинете ги сите амандмани вклучени во сириските наставни програми, освен идеите на партијата Баат и пристапот на Асад, кои ќе бидат веднаш избришани, а одобрувањето на неопходните промени оставете го на експертите во наредните месеци.

