Почетна Вести Регион Синодот на Грција: Вакцинирањето е слободен избор на секој човек
Синодот на Грција: Вакцинирањето е слободен избор на секој човек

Синодот на Грција: Вакцинирањето е слободен избор на секој човек

145
0

Светиот синод на Православната црква во Грција, на своето онлајн заседание од 12 и 13 јануари оваа година, помеѓу повеќето прашања од дневниот ред, ја разгледа и актуелната тема на вакцинацијата против Ковид-19. Во делот од соопштението се вели следново:

„Светиот синод будно го следи прашањето на вакцинирањето, преку Синодската комисија за биоетика, која со редовни извештаи го информира Синодот за целиот развој на работите. Во оваа рамка, Светиот синод беше информиран, после извршеното истражување, дека вакцините против Ковид-19, кои во моментов се користат во Грција, не бараат употреба на ембрионални клеточни култури за своето производство.

Во врска со ова известување, Светиот синод повторува – посебно за своите членови кои покажуваат особена чувствителност кон сценаријата за закани и опасност, еднострано поткрепувајќи се на надуени информации од тенденциозни објави, главно од интернет, или пак имаат различни предрасуди – дека изборот на вакцинирањето не е теолошко или црковно прашање, но главно медицинско и научно и претставува слободен избор на секој човек, во консултација со неговиот лекар, без притоа вакцинирањето да претставува отпаѓање од правата вера и живот. Бездруго, веќе еден од јерарсите на Црквата во Грција, Високопреосветениот митрополит на Навпакт и Свети Власиј, г. Јеротеј, се вакцинира, претставувајќи го Неговото Блаженство, архиепископот Атински и на цела Грција, г. Јероним, кој од медицински причини беше оневозможен да го стори тоа.“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *