Почетна Вести Регион Синодот на Грчката Црква прогласи ден на нероденото дете
Синодот на Грчката Црква прогласи ден на нероденото дете

Синодот на Грчката Црква прогласи ден на нероденото дете

259
0

Воведувањето на „Денот на нероденото дете“, кое беше најавено од Светиот Синод на Грчката Црква, е јасен и официјален  став на Црквата против абортусите. Како што е изјавено во циркуларното писмо на Синодот, оваа одлука беше донесена за да се заштитат децата и да се реши демографскиот проблем на земјата.

Движењето „Дајте ми да живеам“, кое ја започна иницијативата истакна: „Ја примивме со голема радост и благодарност одлуката на Светиот Синод да ја прогласат првата недела после Божиќ за ден на заштитата на животот на нероденото дете. Нашето движење „Дајте ми да живеам“, верно на Евангелието и на Преданието на Православната Црква, насекаде ја објавува вистината дека нероденото дете е личност, образ Божји, уште од зачнувањето, и без условно ќе се бори за заштитата на детскиот живот“.

/Bigorski

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *