Почетна Вера МПЦ-ОА Симе Пешевски го фати крстот во Куманово
Симе Пешевски го фати крстот во Куманово

Симе Пешевски го фати крстот во Куманово

74
0

Православните верници од Куманово, утрово, масовно ги посетија црквите, по повод големиот христијански празник Богојавление Водици, присуствуваа на литургијата, се помолија за здравје и благосостојба и си зедоа осветена богојавленска вода.

Крстот денеска се фрлаше во сите фонтани во кумановските цркви. Во Соборниот Храм „Свети Никола“ крстот го фати 20 годишниот Симе Пешевски. Тој прв пат скока по крстот. Од кумановско-осоговската епархија доби подароци, икона и крст, а подароци доби и од кумановска златара.

Крстот, денеска се фрлаше и во базенот на црквата „Света Тројца“, каде најсреќен беше 21 годишниот Денис Андриевски.

Дел од православните верници денеска, пресекоа и колач за здравје.

Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Јован Крстител. Празникот се нарекува Водици, поради осветувањето на водите што го врши Црквата,поради осветувањето на водите што го врши црквата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *