Сиљановска-Давкова му подари на Папата Лав XIV длабока резба од дабово дрво со мотив „Желад“

Date:

Share post:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Апостолската палата имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Лав XIV.

На средбата, традиционално беа разменети подароци, при што, претседателката на Папата Лав XIV му подари длабока резба од дабово дрво со мотив „Желад“.

„Честитајќи му го изборот за понтиф на Католичката црква, претседателката нагласи дека во ова време на голема неизвесност и поларизација во светот, се неопходни неговите охрабрувачки зборови за траен мир, како и неговите заложби за градење мостови на дијалог, разбирање и заемно почитување меѓу луѓето и народите“, соопштија од Кабинетот на претседателката.

Сиљановска-Давкова ја изразила македонската подготвеност за јакнење и продлабочување на пријателството и соработката со Ватикан. Посочила дека редовното чествување на светите браќа Кирил и Методиј, претставува симбол на духовната и културната поврзаност со Светиот Престол.

Претседателката констатира дека двете држави имаат и нераскинливи историски врски преку цивилизацискиот завет на светицата и скопјанка, Мајка Тереза.

„Навраќајќи се на историската посета на папата Франциск на државава, претседателката истакна дека со должна посветеност сé уште се негува неговото духовно и дипломатско наследство, бидејќи таа беше израз на блискост, почитување на различностите и охрабрување на дијалогот меѓу културите и религиите“, соопштија од Кабинетот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...