Сиљановска-Давкова, Мицкоски и Филипче на литургија во Соборниот храм

Date:

Share post:

Претседателката, Премиерот и лидерот на опозицијата утринава на исто место во Соборниот храм присуствуваа на Божиќната литургија.  Меѓу себе си го честитаа празникот во Храмот, а во изјавите упатија честички и до граѓаните. Фотографиите како Филипче се поздравува со Сиљановска Давкова и со Мицкоски ги објави СДСМ.

– Ден над деновите за сите христијани. Како и што Архиепископот неколкупати нагласи, дека ова ќе значи, знаеме дека ѕвездата од Витлеем не води и најдоброто од нас ќе се разбуди на овој ден, посакувам вечен да е, изјави Гордана Сиљановска Давкова, Претседател.

– Христос се роди, навистина се роди. Нешто што преставува голем ден за православните христијани, а на сите граѓани во нашата Македонија да им посакам пред сѐ здравје, затоа што здравјето е најважно, а потоа сите убавини на овој свет во нивните домови да им се случат. Очекувам година во којашто ќе имаме напредок, година на прогрес во секој план, тоа нормално го посакувам и за тоа како Влада во годината којашто следи ќе работиме, рече Христијан Мицкоски, Премиер.

– Посакувам мир во овие празнични денови, на начин како што налага традицијата во кругот на семејството, пријателите и блиските. Живееме во свет коишто многу динамично и драстично се менува, во многу места во светот имаме војни и во таа смисла, посакувам оваа година пред се да е мирна и безбедна. Ние тука кај нас, во нашето мултикултурно и мултинационално општество, различни какви што сме, различностите да ги сфатиме како предност, како една придобивка на демократијата. Во таа смисла сите заедно да работиме за да државата и општество ги направиме подобро, помирно, поправедно и побогато место за живеење.“,  рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...