Почетна Вести Свет Си-Ен-Ен: Кина во последните две години уништила над 100 ујгурски гробишта
Си-Ен-Ен: Кина во последните две години уништила над 100 ујгурски гробишта

Си-Ен-Ен: Кина во последните две години уништила над 100 ујгурски гробишта

207
0

Американската телевизија Си-Ен-Ен со помош на сателитски снимки и сведоци, утврдила дека во последните две години кинеските власти уништеле над 100 ујгурски гробишта во земјата.

Оваа вест е потврдена и со соопштение на кинеската Влада дека гробиштата ќе бидат „преместени”, пишува Си-Ен-Ен.

Француските медиуми претходно, со помош на аналитичари на сателитски снимки на „Earthrise Alliance” открија дека од 2014 година се уништени најмалку 45 гробишта на Ујгурите, муслиманска малцинска група во КИна .

Критичарите ова го објаснуваат како координирана операција за сузбивање на исламската вероисповед и дека муслиманската малцинска група на Ујгурите „ се држи под контрола” .

-Немам претстава што се случи. Јас сум во целосен шок, изјави Азиз Иса Елкун, чиј татко бил погребан на едно од уништените гробишта.

Елкун живее во Лондон и нема контакт со својата мајка, која живее во Кина, а гробот на својот татко го посетува само преку „Гугл мап”. На тој начин забележал дека нешто не во ред, бидејќи сателитските снимки од истото место во 2017 и 2019 година драстично се разликуваат.

Кина се наоѓа под интензивен меѓународен надзор по објавувањето на документите во кои се укажува дека кинеските власти „го превоспитувале” ујгурскиот народ, пишува Си-Ен-Ен.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека околу два милиона припадници на муслиманските национални малцинства, вклучувајќи ги и Ујгурите, од 2017 година се затворени во некои од масовните мрежи на логори во Кина за „превоспитување”.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *