Почетна Вести Европа Швајцарците извадија документи – Патријархот Кирил е агент „Михаилов“
Швајцарците извадија документи – Патријархот Кирил е агент „Михаилов“

Швајцарците извадија документи – Патријархот Кирил е агент „Михаилов“

358
1

Рускиот патријарх Кирил, близок поддржувач на претседателот Владимир Путин, работел за советското разузнавање додека живеел во Швајцарија во 70-тите години од минатиот век, објавија швајцарските дневни весници „Матен диманш“ (Maten Dimanche) и „Зонтагцајтунг“ (Sontagszeitung) повикувајќи се на декласифицирани архивски податоци.

Според весниците, досието на швајцарската федерална полиција за актуелниот духовен лидер на Руската православна црква (РПЦ) потврдува дека „монсињор Кирил“, како што е именуван во документот, „припаѓа на КГБ“, главната разузнавачка служба на СССР. Двата медиуми имале увид во досието во швајцарската федерална архива.

Во раните 70-ти патријархот Кирил, кој жестоко ја поддржува руската инвазија на Украина, живеел во Женева, каде што официјално ја претставувал Московската патријаршија пред Светскиот (екуменски) собор на црквите.

Кирил тогаш под оперативниот псевдоним Михаилов исто така имал задача да влијае на овој совет, во кој КГБ поставиле агенти во 70-тите и 80-тите години на 20 век.

Советскиот Сојуз си постави за цел да ја убеди институцијата во Женева да ги осуди САД и нивните сојузници и поумерено да го критикува недостатокот на верска слобода во СССР, наведуваат весниците и истакнуваат дека Руската православна црква „одбива каков било коментар за шпионски активности на Кирил во Женева“.

Светскиот совет на црквите изјави дека „нема информации“ на таа тема.

„Матен Диманш“ го барал внукот на патријархот Михаил Гундјаев, кој го заменил како претставник на Московската патријаршија во Женева. Гундјаев тврди дека Кирил „не бил агент“, иако бил „строго контролиран“ од КГБ.

Коментар(1)

  1. За нас кои ги знаеме условите на силен прогон на Црквата во Советскиот Сојуз оваа недобронамерна “информација” е само показател колку силно обединетиот Запад (кој последниве деценија-две не можеше да се обедини околу ништо толку сложно како во офанзивниот поход кон се’ руско) сака да го скрши рускиот човек и единството на целото руско општество, чиј најскапоцен духовен стожер е токму Руската Православна Црква. Вешти се тие во тоа: обезглави им ја Црквата, внеси сомнеж и раздор меѓу нив, другото е веќе лесно. Коварствата се нивна омилена дисциплина, но успехот во случајов им е невозможен. Рускиот народ сфати со кого си има работа и кој ја предизвика и ја храни оваа војна. Нема Швајцарците да ги чека да го просветлуваат за нивниот Патријарх и за нивната, руска историја. Слава на Бога за се’!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *