Шукова најави решавање на проблемот со кучињата скитници и изградба на крематориум за домашни миленици

Date:

Share post:

Аеродром од една од најзелените општини во градот Скопје, стана една од најзапустените. Сепак, состојбата не е таква само во Аеродром, состојбата е таква и во голем дел од општините во Скопје, изјави денеска кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ и коалицијата, Каја Шукова, која најави што позелено и поурбано Скопје.

-Не само со градење на нови паркови коишто потоа не се одржуваат. За 15 месеци – 15 нови паркови. Меѓутоа, не само во централниот дел на Скопје, не само во општините на Скопје, туку и во околината на Скопје. Предвидуваме во програмата зелен појас за Скопје, тоа значи подобар квалитет на воздухот за Скопје и повеќе грижа за здравјето на граѓаните на Скопје“, рече Шукова.

Предвидува и рехабилитација на зелените површини, бидејќи овие што ги има сега се девастирани до крајност.

-Мислам дека мора да се преземе сериозна акција за ревитализација на површините. Гледаме, деновиве имаме голем проблем со ‘Паркови и зеленило’, ќе мора да се работи на сериозна рехабилитација на јавното претпријатие коешто треба да дава услуги на граѓаните на Скопје за да ни биде градот поубав и позелен“, порача Шукова.

Во поглед на проблемот со уличните кучиња, вели дека има сериозен план.

-Покрај активностите на ‘Лајка’, сметаме дека треба да се направи ново државно прифатилиште, поголемо, коешто може да го реши сериозно проблемот со уличните кучиња. Ќе разговараме со ветеринарните станици, разговаравме со здруженијата на граѓани коишто помагаат во овој процес. Потребно ни е повеќе вакцинација, повеќе чипирање, повеќе стерилизација, мораме на хуман начин да го решиме проблемот со уличните кучиња. Секако, мора да разговараме и за една тема којашто е сериозна за граѓаните на Скопје – крематориум за домашните миленичиња. Покрај тоа што мораме да го решиме проблемот со уличните скитници, мора да размислуваме и на домашните миленичиња и на еден хуман третман и во однос на едните и во однос на другите“, вели Шукова.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...