Почетна Анализа Што зборуваше светата Мајка Тереза. Бесмртни стихови
Што зборуваше светата Мајка Тереза. Бесмртни стихови

Што зборуваше светата Мајка Тереза. Бесмртни стихови

115
0

Скопјанката Мајка Тереза, која и официјално на 4 септември оваа година ќе биде прогласена за светица е една од најзначајните личности на XX век за која Ватикан собра доволно докази за нејзините чуда како услов за прогласување на светица.

Нејзината хуманитарна, а пред се црковна активност ја вброи во редот на светителите на христијанската црква.

Таа ќе остане како личност која го оформи мисионерското монашко сестринство во Индија, кое стана заштитнички белег на сиромашните и немоќните. Во нејзиното светителско житие ќе пишува и дела беше скромна жена која целиот свој живот го посветила служејќи им на оние кои побарале помош.

Света Мајка Тереза ќе остане синоним за несебичноста, добротата, пожртвуваноста, искреноста и хуманоста. Паралелно покрај нејзиното име во книгите на светителите ќе влезе и Скопје и Македонија како нејзин роден град и држава.

Mother-Teresa 3Вечноста на нејзиното паметење нема да биде само по нејзините дела, туку и по нејзините зборови кои можеби денес, во скорешните политички и општествени ситуации се и најпотребни и најзначајни.

Еве што зборуваше Светата скопјанка Мајка Тереза.

1.„Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само 1 човек.“

2.„Оние кои ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат.“

3.„Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.“

4.„Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.“

5.„Осаменоста и чувството дека не сте сакани е најголемата сиромаштија.“

6.„Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите.“

7.„За да го вратиме мирот, не ни требаат оружја и бомби. Ни треба љубов и сочувство.“

8.„Мирот започнува со насмевката.“

9.„Дочекајте се едни со други со насмевка, бидејќи насмевката е почетокот на љубовта.“

10.„Пронајдов еден парадокс. Ако сакате некого до болка, тоа значи дека болката повеќе нема да постои, туку само љубовта.“

11.„Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.“

12.„Што можете да направите за да го промовирате мирот во светот? Одете дома и сакајте го вашето семејство.“

13.„Најдете време за игра, тоа е тајната на вечната младост.“

14.„Секој кој ви се приближува нека си оди од кај вас подобар и посреќен.“

15.„Има повеќе глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб.“

Majka tereza 3

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *