Почетна Коментар Што заговарале тројца владици на МПЦ?
Што заговарале тројца владици на МПЦ?

Што заговарале тројца владици на МПЦ?

3.23K
3

mpc grb 2Што разговарале и каков заговор „ковале“ Митрополитите Европски Пимен, Тетовско-гостиварски Јосиф и Кумановско-осоговски Јосиф, како и екс-секретарот на Скопската Епархија Григориј е дилемата што ја наметна самиот г. Пимен, кој денеска на својата Фејсбук страница објави заедничка фотографија од тројцата митрополити и Архимандритот Григориј, со коментар на сликата „преспански заговори на т.н. мнозинство“.

Ако се цени според коментарот, но и според амбиентот, фотографијата е направена во некое кафуле во Преспа.

pimen slikaЗа каков заговор станува збор не откриваат, но ако се има предвид смислата за хумор на Отец Пимен, тогаш лесно може да се претпостави за што станува збор.

Деновиве беше актуелен случајот со приведувањето на Владиката Петар во Австралија и неговите изјави дека случајот е местенка од Македонија, односно од Владиката Наум и Игуменот Гаврил. Според одредени поддржувачи на Петар во тоа сценарио учествувале и владиците „деца“ на Наум, кои го сочинувале мнозинството во МПЦ.

pimen prespa
Лево Владиката Јосиф, до него Пимен, десно Владиката Јосиф и на крајот Архимандритот Григориј, сега десна рака на Кумановско-осоговскиот г. Јосиф

Интересно е да се потенцира дека „заговорот“ бил „кован“ на територија која е јуриздикција на Петар. Преспа влегува во Преспанско-пелагониската епархија, каде надлежен Архиереј е токму г. Петар, а за посета на туѓа Епархија треба и благослов од надлежниот. Злобниците би рекле „кога мачката ја нема, глувците оро вијат“, алудирајќи на тоа дека додека Дедо Петар е на маки со австралиската полиција, кај него во двор некои мајтап тераат.

Но, Преспа и Ресен, пак е роден крај на Владиката Пимен, така што одговорноста како домаќин ја имал токму тој.

Во секој случај, фотографијата открива дека убаво си поминале во Преспа.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(3)

  1. tokmu taka,zavera za Bogorodicniot post,a deka ne lazat Marija koj znae toa,tie ni samite neznaat sto pravat,a komu toa zavera pravat koga se site nikoj i nisto,koj niv gi hirotonisal pa da bidat vladici i arhiepiskopi,koj go hirotonisal toj narecen gospodin gospodin stefan,od kade toj dva pati gospodin,i kade toa go ima da se narekuvaat taka so dvapati gospodin koga ni do kolena ne se luge a ne gospodin.Toa se kriminalci nad svetskite kriminalci
    sram i grev donesoa na makedonija kradejki go narodot kako doma taka i vo dijasporata
    Gospo0d neka im proisti

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *