Почетна Анализа Што се случува во Ватикан?
Што се случува во Ватикан?

Што се случува во Ватикан?

545
0

Во конзервативните национални цркви, каква што секако е и таа во Хрватска, едвај се знае каква идеолошка битка се води во Ватикан. Еден од најмноќните „конзервативни” кардинали, Милер сега мора да си замине

За познавачите на приликите во самиот врв на Римокатоличката црква беше објавено кратко соопштение во Ватикан и истото беше рамно на потрес: на претседателот на Конгрегацијата за наука и вера, кардиналот Герхард Лудвиг Милер му истекува неговиот пет годишен мандат и тој нема да биде продолжен.

Никаква причина не е наведена, а новинарите се уште го очекуваат образложението, иако папата на никого не е должен да поднесува сметки. Беше добро познато дека меѓу папата Франциск и кардиналот Милер постојат „разлики во мислењата”, иако овој опис всушност е мегаминимизиран, со оглед на темата за темелните задачи на верата.

Милер е автор на книгата „Католичката догма” која е преведена на многу јазици, а не е поминато долго време од времето кога во Црквата и за помали „разлики” некои завршувале на клада.

„ЌЕ ПОЧЕКАМЕ ОВОЈ ДА СИ ОДИ…”

Кардиналот Милер е познат токму по екстремните конзервативни ставови, па така имаше и утеха од страна на бројните такви кардинали, бискупи и од останатото клерство. На пример и советот на хрватскиот „Глас Концила“ објави разговор со кардиналот Милер уште минатиот декември.

Бидејќи ако предстојникот на Конгрегацијата за наука и вера (некои таа Конгрегација ја споредуваат со Министертсво за внатрешни работи на некоја држава) „нашиот” човек тогаш треба само да седи и да почека тој „реформатор” на престолот на Св. Петар да ја изгуби волјата нешто да менува во Црквата, или додека дојде време да се избира нов Папа.

Весникот „Шпигел“ шпекулира и дека папата е незадоволен од тоа како кардиналот Милер се однесувал кон случаите за злоставување на деца, со оглед на неодамнешните обвинувања против кардиналот Пела.

Начелно, тоа „ватиканско МВР” е задолжено и за расветлување на такви случаи, но тоа во најдобар случај би можело да биде само една од причините. Бидејќи постои длабока разлика меѓу тоа што можеше да се слушне од кардиналот Милер и од сите обиди Црквата да ја прилагоди на денешницата.

Во вечните и непроменливи догми какви што ги гледа кардиналот Милер на големо спаѓаат и некои правила и верувања на Црквата кои всушност воопшто никаде не можат да се најдат во Светото Писмо. На пример, толку наведуваната догма за непогрешливоста на папата настанала дури во 19 век со тесна победа на „конзервативците” на Првиот Ватикански совет, а токму во таа пригода пред едвај 200 години била усвоена и догма за безгрешниот зачеток и всушност биле поставени темелите на целиот Маријански култ.

ПОЗДРАВИ ОД „РЕФОРМАТОРОТ”

Но, тие „разлики во мислењата” на кардиналот и на папата Франциск посебно дојадоа до израз во прашањата поврзани со бракот. Од една страна, токму Милер упорно го прогласуваше за „невозможно” женето лице да може да дава сакраменти, во раното доба на христијанството не се знаело зошто тоа би било толку „невозможно”. Но, уште поголем проблем била неговата истрајност во сакраментот на венчавањето. Тој тука не гледа никаква можност за спас на лица кои се развеле, но ниту за децата кои се „родени во разврат”, значи вонбрачни. Посебно кога станува збор за таквите деца, тој став на папата Франциск лесно може да се доведе до вжештување: „Црквата мора да биде отворена за сите” – упорно повторувал.

Посебно лаичките здруженија кои тежат кон промени во Црквата веќе долго се бореа против кардиналот Милер: здружението Ние сме црква, веднаш го поздрави отказот на кардиналот кој „секогаш повторно сакаше да се воздигне и над папата според своите толкувања”.

Но, и на најголемите познавачи на Ватикан, не им беше премногу јасно едно друго прашање: веќе одамна се знае кој е кардиналот Милер и дека него на таа позиција го постави друг конзервативен „Германец”, папата Бенедикт Шеснаесетти, пред пет години. Зошто тогаш, кога Хорхе Марио Бергољо стана папа Францисо, воопшто го потврди на позиција предстојник на Конгрегацијата за наука и вера?

„А ШТО Е И КОЈА Е ЦРКВАТА?”

Тоа повеќе пати отворено го прашас и новинарите, а одговорот на папата Франциск ја покажува и неговата длабока, би можеле да кажеме „Исусова” мудрост: тој не сака да биде папа само на тие или оние, реформатори или конзервативци. Црквата е и едното и другото и таа така мора да го најде своето место во денешницата и иднината.

Значи, нема смисла да се спроведуваат „чистки” на врвот, бидејќи тоа нема да ја промени состојбата во самата Црква. А така тогаш и кардиналот Милер е своевидно отелотворување на делото на Црквата и клерот кој можеби сака да се врати некој век наназад. И со нив треба да се разговара, да се прифатат нивните ставови со обид да се најде заедничко решение – е став на папата Франциск.

Но, сега по четири години на престолот на Св. Петар стана јасно дека папата Франциск почна да го губи трпението со тој „конзервативец во нашите редови”.

Познавачите на приликите во Црквата тврдат дека папата всушност почнал да ја заобиколува целата Конгрегација за наука и вера, која така изгуби на некогашната голема важност. Не само тоа: овој јуни кардиналот Милер во телевизиско интервју се пожалил на одлуката на папата, спротивно на неговата одлука од Конгрегацијата да истера тројца негови соработници.

Повторно: веќе и помали критики на Pontifex Maximus во некое неодамнешно време и понаку завршувале, експертот за црковната догма тоа сигурно го знае. Дали кардиналот Милер веќе тогаш, додека го давал интервјуто, знаел што го чека за нешто повеќе од месец дена? И што всушност навистина се случува во Ватикан?

Одговорот до некаде исто така стигна без многу врева и само како кратко соопштение. Папата на чело на Конгрегацијата за наука и вера го именуваше шпанскиот бискуп Луис Франциско Ладариа Ферера, а значајни се двете букви кои стојат покрај неговото име (SJ).

Societas Jesu – Исусово здружение. Но, никако не треба да се брза со заклучокот дека сега „Папата-Исусовец именувал уште еден од своите”.

Всушност Ладарија на позицијата, во цивилната хиерархија тоа би било нешто како „државен секретар во министерството”, токму во Конгрегацијата за наука на верата го именувал Бенедикт Шеснаесетто. И веќе тогаш тоа било новина дека сега таму успеал и еден Исусовец. Но, исто така точно е и дека исклучително ретко е некој од секретарите да се имеува и за претстојник на истата Конгрегација, во која делувал.

За разлика од кардиналот Милер, бискупот Ладарија се држи далеку од камерите и од очите на јавноста. И тој е професор по црковна догма и всушност повеќе може да се сврсти во „умерени конзервативци”. Самиот се претставува како теолог кој го бара „патот на средината” во Црквата.

Разликата меѓу стариот и новиот предстојник е во нивниот основен теолошки интерес: Ладарија е фасциниран со раниот период на Црквата во времето кога била се уште далеку од богатството и државничкото влијание, неговиот докторат се бави со Хилариус од Поитиерс, француски бискуп од 4. век. А во таа потрага за изворните вредности на Црквата секако е многу поблизок до ставовите на папата Франциск.

/ Дојче Веле – Берлин

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *