Почетна Вести Регион Што се случува во СПЦ? Амфилохије и неколку владици се оградија од Иринеј Буловиќ?
Што се случува во СПЦ? Амфилохије и неколку владици се оградија од Иринеј Буловиќ?

Што се случува во СПЦ? Амфилохије и неколку владици се оградија од Иринеј Буловиќ?

553
0

Дали е на повидок  сериозен конфликт помеѓу владиците во Српската Православна Црква, или пак станува збор за медиумски конструкции. Српски „Данас“ денеска објави информација дека дел од српските архиереи, на чело со Црногорско-приморскиот митрополит Амфилохије се оградуваат од официјалното соопштение на СПЦ за последниот мајски собор, обвинувајќи го Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, како портпарол на СПЦ, дека „самоволно ги формулирал некои одлуки во соопштението, спротивно на одлуките на Соборот на СПЦ.

Оваа група архиереи испратиле и писмо до Патријархот Иринеј, во кое бараат повлекување на соопштението и негово прецизно формулирање, посочувајќи дека се оградуваат од него. „Данас“ пишува дека редакцијата имала увид во писмото испратено до Патријархот Иринеј, во кое има сериозни обвинувања за Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ.

Меѓу спорните елементи од соопштението, оваа група владици го спомнува и делот во кој се зборува за одлуката на СПЦ за возобновување на дијалогот со МПЦ.

-Оваа група владици е незадоволна и од начинот на кој во официјалното соопштение е „премолчена“ посетата на поглаварот на Кипарската православна црква, Архиепископот Хризостом, по повод украинското црковно прашање, како и „релативизирање на соборските одлуки за продолжување на дијалогот со дел од Црквата во Северна Македонија, која е во раскол. Тие бараат овие теми да се внесат во официјалното соопштение, пишува во текстот на српски „Данас“.

Амфилохије и неговата група владици го обвинуваат Иринеј Буловиќ дека и дал непотребно значење на посетата на Соборот од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ и на претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ.

Инаку ова не е прв пат, Бачкиот епископ Иринеј да биде посочуван за своеволно толкување и непрецизно информирање на јавноста. Но, исто така не е прв пат тој и Владиката Амфилохије да бидат во отворен конфликт во јавноста.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *