Почетна Анализа Што се случува во ИВЗ, дали постоел пуч, зошто се сменети видни имиња од нивните функции?
Што се случува во ИВЗ, дали постоел пуч, зошто се сменети видни имиња од нивните функции?

Што се случува во ИВЗ, дали постоел пуч, зошто се сменети видни имиња од нивните функции?

368
0

Муарем Вејсели, Директор на Агенцијата за Халал Стандард, и член на Ријасетот на Исламска Верска Заедница, еден од разрешение од страна на Поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаху, за наводна организација на пуч во ИВЗ, испрати јавно писмо, адресирано до Претседателот Стево Пендаровски, спикерот, Талат Џафери, премиертот Димитар Ковачевски, министрите Груби, Спасовски, Лога, судските институции, Обвинителството, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и дипломатските претставништа во Скопје, во кое ги објаснува причините за состојбите во ИВЗ.

Во писмото, Вејсели тврди дека не постоел никаков обид за пуч, туку поглаварот, самоволно, без почитување на Уставот на ИВЗ, решил да се пресметува со неистомисленици во ИВЗ.

Писмото го објавуваме во целост.

 

Мухамер Весели, Директор на Агенција за Халал Стандард, и Член на Ријасетот на Исламска Верска Заедница

 Последниве случувања во ИВЗ се премногу загрижувачки, и истите наидуваат на многу реакции, незаконските и не уставните одлуки на челникот на ИВЗ Шаќир Фетаи донесени на 22.05.2023 год, за наводно систематизација на работник, а во суштина се                смена на не исто мисленици функционери на Исламска Верска заедница кои воедно се и членови на Ријасетот, без сомнение дека сносат цивилна и кривична одговорност.

ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧУВА ВО ИВЗ И ЗАШТО…?

Вовед за објаснување на ситуацијата:

Исламска Верска Заедница во Република Северна Македонија, согласно член 19 и амандман VII  од уставот на Република Северна Македонија е институција уставна категорија во државата.

Правната положба на верските заедници во земјава е регулирано согласно законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група (сл. Весник 113/2007), од каде согласно член 5 од законот Црквата, верската заедница и религиозната група  имаат право внатрешно слободно да се организираат со нивни органи на управување, хиерархија и надлежност и да определуваат лица кои ќе ги застапуваат и претставуваат и да донесуваат акти во врска со тоа. Членот 7 од законот ги дефинира правната основа на работењето и активностите на верските заедници, цитирам: “Црквата, верската заедница и религиозната група своите активности ги вршат согласно со позитивните законски прописи на Република Македонија, меѓународните декларации и конвенции за слободата на вероисповедта и изразувањето на верата”.

Согласно законските прописи во внатрешно уредување и работење Исламската Верска Заедница има свој устав како највисок нормативен акт, (кој устав е депониран во судскиот регистар при Основниот Граѓански суд Скопје во согласност на законот за правна положба на верските заедници) во таа насока ги одвојувам две есенцијални елементи од самиот устав на ИВЗ, со цел да се има јасна слика за што станува збор, и тоа:

Во член 1 точка 2 од уставот на ИВЗ, е наведено цитирам: Исламска Верска Заедница својата дејност ја потпира врз: Куранот и Сунетот, како и врз овој Устав и другите нормативни акти кои произлегуваат од него, согласно законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група.

Член 6 го дефинира целта на ИВЗ, цитирам:Целта на Исламска Верска Заедница е чување и подигање на верската свест, организирање на ибадетите како и другите форми со кои се изразуваат чувствата и доживувањето на Исламот кај муслиманите”.

Начинот на функционирање на ИВЗ е предвиден во член 8 од уставот, цитирам: Исламска Верска заедница својата дејност ја потпира врз следниве принципи: праведност, транспарентност, дебати пред донесување на одлуки на колективните органи, консултации при извршување на работите, слободни избори, реизбор, одговорност, отказ на функционери и отповикување на органи.

Организирање на исламска верска заедница, е предвиден е во член 23 од Уставот кој гласи дека Исламска верска заедница има свои органи и институции. Органите пак на Исламска Верска Заедница се опфатени во член 24, и тоа се : Муфтиство, Ријасет, Реисул Улема и Собрание.

Додека член 24а ги набројува органите и институциите, цитирам: “Во Исламска Верска заедница на Република Северна Македонија има тринаесет муфтиства, две едукативни образовни институции, Агенција за Халал Стандард и Комисија за студентски вакуф”.

Работата на Органите и институциите се прецизирани со член 25 точка 1 од Уставот цитирам: “органите и институциите на ИВЗ можат да одржуваат седници само ако се присутни мнозинството од нивните членови, а донесуваат одлуки со мнозинство на гласови од присутните членови” додека точка 2 од член 25 гласи  “Одлуката е валидна само ако за неа гласале 1/3 (една третина) од вкупниот број на членовите на тој орган, ако не е  одредено поинаку со овој Устав и со други нормативни акти”.

РИЈАСЕТОТ НА ИСЛАМСКА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА

Член 34 точка 2 од Уставот на ИВЗ го дефинира составот на Ријасетот, и тоа цитирам:  “Ријасетот на Исламска Верска Заедница го сочинуваат:

Реисул Улема, Генералниот Секретар, Муфтиите, Директорите и Деканите на образовните институции на ИВЗ, Претседателите на здруженијата на ИВЗ, и  и Двајца членови одредени од страна на Реисул Улема, со искуство во организација на верскиот живот во редовите на ИВЗ”

Додека член 35 од Уставот на Исламска Верска Заедница го одредува                  делокругот на Ријасетот во земјава и во странство, каде меѓу другото во точка 6 е дефинирано: правно – административната и финансиско – економската работа на         Исламска Верска Заедница.

Член 36 од Уставот на Исламска Верска Заедница ги одредува уставните надлежности на Ријатетот, меѓу другото во точка 1-7-18-21и 22 стои, цитирам:

  • Предлага, избира и го разрешува Реисул Улема
  • Верифицира мандати и објавува редовни и вонредни избори
  • Е главен и единствен организатор за реализација на хаџот
  • Ги именува, заменува и ги разрешува членовите на Ријасетот
  • Ријасетот на ИВЗ одржува најмалку еднаш месечно.

Што се однесува до Реисул Улема член 38 од Уставот на ИВЗ гласи, цитирам: “Реисул Улема е орган на Исламска Верска Заедница”

Уставните надлежностите на Реисул Улема се предвидени во член 43 од Уставот и никаде не е наведено дека може да врши систематизација на работник, а најмалку дека може да разрешува член на Ријасетот на Исламска Верска Заедница.

Уставот на ИВЗ во член 55 гарантира еднаквост со сите права и обврски помеѓу избраните и вработените членови на Исламска Верска заедница.

Член 57 од уставот предвидува дека сите избрани, именувани и вработени во ИВЗ, почнувајќи од Реисул Улема и до Муезинот, може да се суспендира или да биде разрешен, ако од страна на органите на ИВЗ се констатира дека согласно точка 1-4-5 и 8:

  • не ги извршуваат обврските за кои се избрани или именувани
  • ја злоупотребува позицијата во штета на интересите на ИВЗ
  • неспособноста за извршување на својата работа, болеста, возраста, смртта или доброволно повлекување
  • конечната одлука за суспендирање или разрешување ја донесува Ријасетот на Исламска Верска Заедница.

ПОСТОЈАТ ЛИ НОВИ ТРИЕЊА ВО ИВЗ … ?

На 23 март 2023 год, почнаа рамазанските пости, ситуацијата во ИВЗ е тензична поради конфузно однесување на Шаќир Фетаи, која постојано се влошува, како резултат на неговото неконтролираното однесување, никој не можеше да сфати кај е проблемот, неочекувано преку ноќ добиваме покани за свикување седница на Ријасетот на 29.03.2023 год, невообичаено во Исламска Верска Заедница, во сред пост рамазан месец  да се одлучи за висината на аранжманот на аџилакот 1444/2023. Која седница помина во многу тензична ситуација, дури членови на Ријасетот демонстративно ја напуштија истата. Многу работи не беа јасни, но по инсистирање на Шаќир Фетаи се одлучи како заклучок да биде аранжманот на аџилакот во износ од 6.550 Евра.

Уште по невообичаено во целата ситуација е дека никој до Ријасетот си немал доставен писмен извештај за работата на комисијата околу организирање на аџилакот, нема понуди за хотелите во Мека и Медина, туку е одлучено, ниту се доставени понуди на авио компаниите, туку е одлучено, се е матно, тензична и бучава седница, се шири и  информацијата дека уште од јануари 2023 год, двоецот Шаќир Фетаи и Ирсал Јакупи со уште едно лице од Скопје, го организирале аџилакот без никакви сознанија на Ријасетот, кој како орган на ИВЗ согласно член 36 точка 18 од Уставот на ИВЗ  е главен и единствен организатор на аџилакот.

Традиционалната прослава по повод државниот празник Рамазан Бајрам  под покровителство на Реисул Улема на 21 април 2023 год, помина во уште по напната ситуација, разочарувањето на Шаќир Фетаи беше повеќе од очигледно, нервозен, бесен, осамен, запуштен од сите, од внатрешниот како и од надворешниот фактор (општествениот, политичкиот, владиниот и меѓународниот) буквално немаше никој.

Неочекувано по наполнување на законските услови за пензионирање, Шаќир Фетаи почна да бега од сите, почна насекаде да шири лаги и невистини, кој за кого рекол, и што рекол, почна да се појавуваат ново вработени луѓе во ИВЗ, без најава, без консултации н известување, без оглас за вработување, и тоа во работни места и задачи кои апсолутно не постојат во редовите на ИВЗ, создавајќи уште по тензична ситуација.

Сите бевме непријатно изненадени, кога во електронскиот медиум  на албански јазик TETOVA SOT на 8 мај 2023 год, јавно беа објавени неколку новинарски прашања кои биле претходно доставени до Шаќир Фетаи преку официјалниот е-маил на ИВЗ, и по неколку обиди на новинарот, од страна на Шаќир Фетаи и неговиот кабинет, не добил никаков одговор.

Медиумот одлучил прашањата јавно да ги постави до Шаќир Фетаи, кои гласат:

  • Кои се причините за “силното полициско обезбедување” на Реисот, интересот на јавноста е да ја знае причината за тоа: дали станува збор за закани кон личноста на Реисот, и познато ли е од кого се тие закани и од каков карактер.
  • Натаму, Ријасетот уставно е највисок орган на ИВЗ, во членот 36 од уставот е предвидено да се одржуваат редовни седмици на Ријасетот најмалку еднаш месечно. Но, во ова насока кон Вас (Шаќир Фетаи) има обвинувања за самоволие при водење на институцијата и тврдење дека за целата 2021 година биле одржани само 3 (три) седници, а изминатата 2022 година само 2 (две) седници на Ријасетот. При што се губи кредибилитетот и добиениот легитимитет на поглаварот, кој е вашиот коментар.
  • Понатаму, според правилникот за финансиско работење на ИВЗ, на Реисот „не му се дозволува да потпишува платен налог на износ од над 10.000 (десет илјади) евра“, се поставува прашањето дали во оваа смисла има забелешки.
  • г-дин Фетаи во април месец, ги исполнувате законските услови за пензионирање, па се поставува прашањето кога ќе ја одржи последната седница на Ријасетот, по која ќе се повлечете од функцијата?! во ИВЗ во моментов „постои голем суфицит од кадар и нема незаменливи, како и дека за евентуално продолжување на вашиот мандат за поглаварот на ИВЗ, потребна е поддршка од мнозинството на членовите на Ријасетот“. прашањето е дали ќе се повлечете од функцијата, ако не, дали тоа може да води кон полемики и недоразбирањата и тензии во самата ИВЗ и да дојде до несакани ситуации.
  • Г-дин Фетаи, имате завршено Факултетот за исламски науки во Сараево, студиите сте ги завршиле во 1984 година. Сепак имате проблем на изговор со официјалниот јазик на кој сте ги завршиле студиите. Па од таму пак флертуваат информации за наводно ваше регрутирање како соработник на УДБА, вие како Реис и ИВЗ никогаш овие гласини не сте ги демантирале. Кој е вашиот став.
  • Г-дин Фетаи, се обвинувате за наводна злоупотреба на службената положба и овластувања. Притоа се конкретизира прашањето, во октомври 2021 година биле одржани избори за членови на Собранието на ИВЗ како правно-административен и економски-финансиски уставен орган на ИВЗ, а дури во ноември 2022 година било дозволено свикување конститутивна седница на собранието и на која спротивно на уставот и правилникот за работа на собранието претседавал член на Ријасетот на ИВЗ. Тоа подразбира дека целата мината 2022 година, вие сте дејствувале самоволни и во поглед на финансиите.
  • Г-дин Фетаи, каде е вашиот збор, дека одма по вашиот избор 2020 год, дека ќе донесете донација од 7 милиона евра од арапски емирати за функционирање на ИВЗ, ова јавно сте го искажале пред сите членови на Ријасетот, по приближно три години од вашиот избор дали имаат право членовите на Ријасетот да се чувствуваат излажани од ваша страна.
  • Каде се близу 4 милиони евра што владата на Заев и ги има дадено на ИВЗ по однос на денационализација.
  • на крај г-дин Фетаи, има еден чудесен факт за генералниот секретар Ирсал Јакупи, прашањето е, кои се причините на неговите чести патувања во соседна Република Бугарија со службено возило на ИВЗ, и секогаш е во придружба на исто на лице, кој е невработено лице во ИВЗ. И дали воопшто имате контрола каде се движат службените возила на ИВЗ.

Овие прашања од новинарот биле доставени до Шаќир Фетаи, Со цел јавноста да биде правилно информирана, за исклучување на сите дилеми околу  Исламската верска заедница како една од значајните институции во земјата која што го артикулира духовниот и општествениот живот на верниците од муслиманска вероисповед, а, во прв ред, избегнување на нови тензии во самата заедница. Медиумот очекувал одговори, кои што, за жал, изостанаа. Според медиумот, целокупната домашна јавност е заинтересирана за задржување на спокојот меѓу верниците и пошироко во општеството, и се надева дека ИВЗ, ќе успее да ги надмине евентуалните недоразбирања со цел да се продолжи мирното функционирање на институцијата.

МРАЧНИОТ ПЛАН НА ПЕНЗИОНЕРОТ ШАЌИР ФЕТАИ…..!?

Никој не можел да замислува а не да предвидува дека Шаќир Фетаи е подготвен да креира, спроведува и реализира пуч спрема колективниот орган Ријасетот на Исламска Верска Заедница.  Се со цел да избегнува седница на Ријасетот за неговиот статус откако ги исполни условите на законско пензионирање.  ЗАШТО СЕ ТО ОВА ПО СЕКОЈА ЦЕНА… !!!!!

Недела 21 мај 2023 год, во вечерните часови Шаќир Фетаи, се спуштил во акција за спроведување на мрачниот план, измисленото сценарио ПУЧ ВО ИВЗ, го алармира МВР преку неговото полициско обезбедување од шеста управа, дека во ИВЗ се подготвува пуч спрема него, информацијата нормално стигнува и до почитуваниот Министер за Внатрешни Работи г. Оливер Спасовски, кој пак загрижен за ситуацијата му дава поддршка на Реисот што е многу нормално, но кој го лажел министерот за наводен пуч во ИВЗ, останува отворено прашање за внатрешната контрола на МВР. Но како и да е со ова Шаќир Фетаи го завршува првиот дел, обезбедува комодитет и дополнителна безбедност за дејствување, според него успешно изведено реализација.

Во вториот дел од филмот, влегува во седиштето на ИВЗ во Скопје , во придружба обезбедувањето од МВР и на неколку наводни Муфтии луѓе без никаков морал, карактер и кредибилитет, во зградата наидуваат само на портирот, па почнува со нервоза и на висок тон, под итно да ги повикува и неколкуте други членови на Ријасетот, се со цел да ја зачуваат и спасат институцијата од “ПУЧ”. НЕВИДЕНО…..!!!!

Кога со  лаги и измами собрал десет члена на Ријасетот, почнал со третата епизода од филмот, времето си минува и веќе е по полноќ недела спрема понеделникот, почнал со изведувањето на сценариото, почнува манипулацијата со заспаните присутни со плукање спрема другите членови на Ријасетот кои имале не компромисен став, Шаќир Фетаи заминува во пензија, откако веќе ги исполни законските услови за пензионирање.

Останува отворено прашањето на која мора да се одговори, зашто ниту еден од нај угледните членови на ИВЗ не биле повикани ниту биле присутни,  станува збор за Муфтиите Куманово, Тетово, Струга, како и Директор на Средното Исламско Училиште Иса Бег Медреса,  Деканот на Исламско Теолошкиот Факултет, Директор на Агенција за Халал Стандард, Претседателот на Здружение ИЛМИЈЕ, Директор на Верско образовниот сектор на ИВЗ, претставникот на Ријасетот за односи со ОБСЕ, и др. ПРЕМНОГУ ЧУДЕСНО…..!!!!!

Во целиот случај многу е чудесен  и фактот, што никој од присутните не презел мерки, зашто никој не го прашувал Шаќир Фетаи каде се и зашто не се присутни и другите членови на Ријасетот, и дали воопшто се повикани да присуствуваат кога институцијата треба да се чува и заштити од ПУЧ. Се прашуваме дали воопшто присутните од некого се плашеле, во каква состојба се нашле по полноќ, кој се уште бил таа ноќ во зградата на ИВЗ, зашто од таа седница не се објави ниту една слика на присутните, ниту пак се соопшти некоја одлука или заклучок што под разбира дека не успеале да обезбеди мнозинство на членовите на Ријасетот, или пак има нешто друго.

Пензионерот Шаќир Фетаи изгледа и во завршна фаза на филмот се снашол осамен и пред свршен чин, видно дека нема мнозинство за реализација на неговиот мрачен план за пуч спрема Ријасетот на ИВЗ, а во едно и принуден си донесува незаконски и неуставни одлуки за систематизација на работник, а во суштина со тие одлуки  разрешува 5 членови на Ријасетот. (во вовед член 35 и 36 од уставот на ИВЗ).

Понеделник 22 мај 2023 год, ниту Шаќир Фетаи, ниту пак некој од присутните во таа кобна ноќта во ИВЗ, не излезе во јавноста да кажуваат што се случува во ИВЗ, што барале во ИВЗ цела ноќ, од кого ја бранеле и штителе институцијата, зашто немало ни прес-конференција, ни соопштение за јавноста зашто и како се разрешени 5 членови на Ријасетот, нормално тука почнува и медиумската игра на “познатиот новинар” миленикот на стотини ќеси на курбанско месо, кој без перде и срам но не е и без одговорност во случајот, манипулирајќи со јавноста, шири дезинформации и одеднаш се појавуваат насловите:  СПРЕЧЕН ПУЧ НАД РЕИСОТ ШАЌИР ФЕТАТИ….????  ИВЗ СЕ СПАСИ ОД ПУЧ….!!!    и слично….

 Почитувани,

Измислениот мрачен пуч во ИВЗ почна да го негира самиот автор на лагата, измамата и манипулацијата, сценаристот на лажниот пуч за жал самиот челник на ИВЗ Шаќир Фетаи, кој јавно изјавува преку медиумите дека немал пуч во ИВЗ, тогаш се поставува прашањето која била причината по полноќ итно да повикуваат неколку членови на Ријасетот за да ја штитат и спасат институцијата од Пуч.

Од друга страна пак, МВР демантира дека на 21 мај 2023 год, имал пуч во ИВЗ, дури изјавуваат дека од страна на ИВЗ воопшто немало пријава во ниту една полициска станица во Скопје и Гостивар.

СЕПАК, НИШТО НЕ Е ЗАВРШЕНО…!? ТЕК СЕ Е ПОЧНАТО…..

Во целиот случај во ова насока на случувањата во Исламска Верска Заедница  “тоа што е многу јасно е дека одлуките донесени од страна Шаќир Фетаи на 22.05.2023 год, за распоредување на работник, и разрешување на 5 членови на ријасетот се нелегитимни, и немаат ниту уставна ниту законска основа, и од истите тие одлуки не произлегува никакво правно дејство”

Распоредените работници опфатени во незаконски и неуставни одлуки донесени на ден 22.05.2023 година од старана на Шаќир Фетаи, на ден 25.05.2023 година си имаат поднесено приговори на истите одлуките до Ријасетот на ИВЗ.

Почитувани,  

Оваа однесување на Шаќир Фетаи е премногу загрижувачки, ваквото негово дејствување поткрепува сама по себе и кривична одговорност согласно кривичниот законит на РСМ, особено во услови и околности кога веќе ги има исполнето законските услови за пензија, истиот со преземање на одлуки во спротивно на Уставот на ИВЗ веќе си има вршено пуч спрема Ријасетот и со конкретни дејствија си има вршено и  промена на структурата на Ријасетот, се со цел за да се донесат одлуки на негова полза за продолжување на неговиот мандат по исполнување на законските услови за пензија.

Од друга страна пак е класична злоупотреба на службената положба и овластувања, кој по секоја цена не бирајќи средства и начин само за да го реализира организацијата на хаџот 1444/2023 се прашуваме зашто……?????  во таа насока веќе и има преземено и конкретни мерки за ополномоштување и овластување на комисијата за организирање на аџилакот 1444/2023 чиј состав на  комисија е формирано лично од Шаќир Фетаи без претходна одлука на Ријасетот како надлежен орган, и истите си имаат склучено договори во износ од милиони евра, без претходно да  достават до Ријасетот различни понуди и писмен образложен извештај за нивната одлука за хотелите во               Мека и Медина, ниту пак си имаат доставено различни понуди и образложен писмен извештај и за нивната определбата за авионскиот превозник на нашите аџии кои требат во средина на јуни месец 2023 год, да патуваат за Саудиска Арабија, и стануваа збор за над 2.000 (две илјади) аџии државјани на Република Северна Македонија.

РАЗРЕШНИЦА СЕ ГЛЕДА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ НА ДРЖАВАТА

Како засегната а воедно и оштетена страна во целата ова ситуација, ги имаме преземено сите законски дејствија и имаме поднесено приговори, пријави и тужби во Исламска Верска Заедница и до надлежните државни органи и институции, веруваме во функционирање на институциите на правната држава, и без сомнение земајќи ја во предвид сериозноста на состојбата очекуваме итно дејствување и преземање законски мерки согласно нивните уставни и законски надлежности.

Скопје, 02.06.2023 год.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *