Почетна Вера Католичка црква Што пишува во Декретот од Папата за струмичко-скопската епархија за верниците од византиски обред во Македонија?
Што пишува во Декретот од Папата за струмичко-скопската епархија за верниците од византиски обред во Македонија?

Што пишува во Декретот од Папата за струмичко-скопската епархија за верниците од византиски обред во Македонија?

153
0

Франциск, епископ, слуга на слугите Божји:

Нека биде на траен спомен. Господ ја возвеличува душата на оној кој со пофалби и служење на Бога ги насочува сите копнежи свои кон внатрешноста на човекот. Таквиот покажува дека држењето на Божјите заповеди заради наследувањето на Мајка Божја секогаш мисли на силата на неговата моќ, бидејќи неговото милосрдие ги прави верниците од мали и нејаки да бидат храбри и големи. Поттикнати од ова духовно убедување, во проникнувањето на благосостојбата и напредокот на целото Божјо стадо, сѐ распоредуваме во поединечни Цркви, таквото распоредување придонесува за спасение на душите и духовниот напредок на верниците. Мислејќи овде кон возљубените во Христа верници Македонци од византиски обред, сакаме што е можно повеќе да придонесеме за нивниот напредок. Според тоа, откако грижливо и трудољубиво беше проценета вредната студија на Државниот Секретаријат и по добивањето на поволното мислење од Меѓународната епископска конференција на светите Кирил и Методиј и прифаќањето на советот на нашиот почитуван брат, Префектот на Конгрегацијата за Источните Цркви, со својата целосна апостолска власт го воздигаме Апостолскиот егзархат во Македонија за верниците од византиски обред кои живеат во Македонија на Епархија со наслов и назив Успение на Пресвета Богородица во Струмица-Скопје. При што не се менува ништо, ниту седиштето на Катедралата, ниту местото на Епископската резиденција и Курија, допуштајќи ги сите стечени права и привилегии.

Одлучивме оваа Епархија да биде директно потчинета на Светиот Стол, прогласувајќи ја за нејзина Покровителка при Бога Блажена Дева Марија на Небо Вознесена, и членка на спомнатата Епископска конференција, за која говоревме погоре. Сите свештеници кои ја извршуваат својата служба на територијата на Егзархатот и питомците во Семинариите кои потекнуваат од истата територија со самиот овој факт на основување се инкардинираат и впишуваат во новоснованата епархија. Додека другото нека се одвива како што е предвидено според нормите на Канонскиот кодекс за Источните цркви.

На крајот го молиме Бога да на слабиот народ заштита му пружаат прекрасните заслуги на крстот според кој стнавме бесмртни, и по заспништвото на славната Блажена Марија секогаш Дева. Нека тој народ, патувајќи кон славата Христова, биде што посличен на својот возвишен прототип, постојано нарпедувајќи во верата, надежта и љубовта и во сѐ барајќи и вршејќи ја Божјата волја. Бараме оваа наша наредба да биде целосно и цврсто обдржувана, отфрлувајќи сѐ што би се противило на оваа.

Издадено во Рим, при гробот на св. Петар, на триесет и првиот ден од месец мај, лето Господово две илјади и осумнаесетто, шеста година од нашиот понтификат.

Декрет на Светиот Стол за именувањето на Апостолскиот егзарх Киро Стојанов за Епархиски епископ на струмичко-скопската епархија

Франциск, епископ, слуга на слугите Божји:

На почитуваниот брат Киро Стојанов, досегашен Апостолски егзарх на Македонија, првиот избран епархиски епископ на Струмичко-скопската епархија Успение на Пресвета Богородица, поздрав и апостолски благослов! Уважувајќи го примерот на мајчината љубов на Мајка Божја, според која сите ние треба да учествуваме во апостолското послание на Црквата (сп. Lumen gentium бр. 65) со оваа наша апостолска грижа со задоволство преземаме тоа што е примерно во служењето за доброто на Црквата и настојуваме да воспоставиме она што поттикнува напредок за Христовите верници. Поради тоа, грижливо одмерувајќи го она што би било добро за паствата на Струмичко скопската епархија Успение на Пресвета Богородица, која на денешен ден е воздигната од положајот на егзархатот според Конституцијата Dominum magnificat, итно ставаме Пастир кој ќе се грижи за духовниот напредок на оваа заедница. Затоа, не сметаме ништо поприкладно туку да на таа служба те именуиваме тебе кој веќе покажа грижа за духовните потреби за верниците од византиски обред во Македонија и се покажа примерен за извршување на таа задача. Следствено на тоа, уважувајќи го предлогот на нашиот почитуван брат Префект на Конгрегацијата на Источните цркви и Меѓународната епископска конференција св. Кирил и Методиј, те разрешуваме од службата Апостолски егзарх и те назначуваме за прв епархиски епископ на неодамна воспоставената Епархија струмичко-скопска Успение на Пресвета Богородица,при тоа доделувајќи ти неопходни права и соодветни обврски, според нормите на Кодексот на каноните на Источните Цркви.

Бараме за оваа наша одредба да го известите клерот и народот на оваа заедница. Сите нив ги поттикнуваме дека, по застапништвото на Преблажената Мајка Божја, под твое водство, издржат во вистинската побожност и напредуваат во вистинската вера, а таа не поттикнува да ги наследуваме крепостите на нашата Мајка кон ближните, бидејќи е залог на сигурна надеж и утеха на патничкиот Божји народ.

Издадено во Рим при гробот на Св. Петар, на триесет и првиот ден од месец мај, во летото Господово две илјади и осумнаесетто, во шестата година од нашиот понтификат.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *