Почетна Вести Шокантни сведочења на верници од Австралија напишани во писма до Синодот на МПЦ
Шокантни сведочења на верници од Австралија напишани во писма до Синодот на МПЦ

Шокантни сведочења на верници од Австралија напишани во писма до Синодот на МПЦ

2.47K
2

Верници на МПЦ во Австралија, со години активни во Епархијата на Владиката Петар и до скоро негови лојалисти секојдневно испраќаат писма до Синодот на МПЦ и до Архиепископот г.г. Стефан во кои искажуваат револт и разочараност што Владиката Петар на ваков начин се пресметува со Игуменот Гаврил.

Во дел од писмата објавени во медиумите на македонски јазик во Австралија, овие верници барат од Синодот да најде начин да го прекине прогонот против Игуменот Гаврил, за кој велат дека е единствениот во последните 20 години кој успева да ги обедини Македонците од поделбите што се случуваат веќе две децении.

Mitropolit petar slika 2Македонските верници во овие писма раскажуваат шокантни судбини како поради Црквата и Владиката во Австралија се испокарани браќа со браќа, роднини, семејства. Наспроти досегашната пракса на поделби, тие велат дека Игуменот Гаврил е олицетворение на мирот кој успеал да помири до години раскарани Македонци.

-Со доаѓањето на Владиката Петар и проблемите што се случија со црквата “Св. Петка” пред дваeсетина години, Владиката Петар, успеа да организира паралелна црква под името “Св. Христово Воскресение” преселувајќи ги повеќето верници во новата црква, која што беше лоцирана во непосредна близина на црквата “Св. Петка”. Црквата навистина прерасна во жива црква и стана најдоходовната црква во епархијата. Но истовремено бевме убедувани и навистина поверуваме дека сите други, во компаниските цркви, се расколници и неверници, што имаше катастрофални последици во односите меѓу верниците. Се растурија семејства, се искараа роднини и пријатели, просто речено се посеа семето на злото и разделбата меѓу македонскиот народ. Ние верниците, работевме деноноќно, доброволно помагајќи им на дедото Владика и неговите свештеници во “борбата” против приватните компаниски цркви, слепо верувајќи дека тоа е светата вистина. Повремено приметувавме некои девијации и нелогичности во постапките на дедото владика, но секогаш нашите прашања за објаснување за таквите постапки на владиката беа строго санкционирани од свештениците, со авторитативен одговор “ако сакаш да прашуваш, подобро не доаѓај веќе во црквата”. Ние како некои недоношчиња и со голем страв од Бога и послушание замолчувавме и продолжувавме да работиме, донираме, помагаме на сите можни начини. Но, раната што во почетокот изгледаше како мал чир почна да гнои и да се инфицира. Начинот на кој владиката го водеше судскиот процес и барањето за изгласување на Законот за Старателство на Црковниот Имот во Парламентот на државата Нов Јужен Велс се претвори во фарса, во лакрдија, за која повеќе пати му беше укажувано на владиката и неговите свештеници, со зборовите дека судски процес не се води на таков начин и дека тоа што се случува со судот е предавство на црквата и на нацијата. Одговорот секогаш беше исти: „тие се добри адвокати и си ја знаат работата“. Веројатно толку биле добри што владиката, од време на време, за да ја подмачка машинеријата што веќе многу очигледно шкрипеше, преку свои луѓе од Епархијата ќе им испратеше на адвокатите, долари во готовина, пишува во писмото до Синодот, Борче Петрушевски од Сиднеј, кој вели дека зад овој став стои и неговото семејство.

sveta petka rokdailВерниците на МПЦ велат дека состојбите во епархијата не само што постојано се влошувале, туку најмногу работите се промениле кога свештениците на Владиката Петар почнале да организираат хајки и прогон на Игуменот Гаврил, за кого велат дека единствена вина му е што сакал да ги обедини Македонците во Австралија и што на секој му возвраќал со неговата неизмерна љубов. Потенцираат дека Гаврил почнал да им боде в очи на свештениците поради тоа што него почнале да го прифаќаат сите верници во Австралија

-Минатата година, кога владиката Петар почна да го гони Отец Гаврил, свативме нешто не е во ред. Не е оној владика на кого ние му верувавме, го пречекувавме и се радувавме. Тогаш се откри вистинското лице на владиката Петар што со години се криело од нас. Почнаа лагите за Отец Гаврил, љубомората, клеветите, навредувањата, измислиците и гадотиите. Нешто што не му доликува на еден нормален човек, а не пак на владика, кој за себе вели дека бил “Икона Христова”! Тогаш одлучивме повеќе сакаме да бидеме на страната на правдата и вистината, со Отец Гаврил. Одлучивме, не сакаме да го подржуваме злото, и дека ќе ја напуштиме епархијата на владиката Петар. Разговорот со отецот Митко Митрев беше неминовен. До тогаш, го подржувавме со цело срце и душа. Ја чувствувавме неговата мака и болка, притисокот, понижувањето, малтретирањето и го сожалувавме поради неправдите нанесени од владиката Петар, неговите штитеници, како и “луѓето од доверба” на владиката Петар. Но, тоа беше се до оној момент, кога тој направи потези кои што ние не можевме да ги оправдаме, како што беше потпишувањето на писмото 2 полно со клевети и лажни обвинувања против својот брат Отец Гаврил. Тоа беше спротивно на се она што тој го проповедаше пред Олтарот, и ние се спротивставивме. Застанавме цврсто во одбрана на Отец Гаврил и вистината. За жал, и покрај сите нанесени неправди, отецот Митко Митрев ја избра погрешната страна, да остане во злото, да го брани Владиката Петар, и како награда за неговата лојалност, на крајот ја изгуби својата парохија, остана без плата, и не изгуби нас, повеќето верници кои му верувавме. Беседата на владиката Петар во Септември 2015, тоа беше последна беседа за нас, во салата на црквата “Христово Воскресение” во Рокдале, беше за пари, пари и само пари. Буквално ни се згрози на сите. Разбравме, тука не се работи за вера, туку за алчност за пари или на црковен јазик: „среброљубие“, стои во писмото на Перо и Павлина Змејкоска од Австралија.

/ФАЛАНГА

Коментар(2)

  1. Eve uste edno shokantno svedoshtvo, bidejki nekoj zaboravil sto e vistinata i se ispletkal vo lagi ta ne moze da izleze od niv.

    O. Nikodim sam gi iskaza ovie zborovi, vednas po dva meseci od koga dojde vo Australia… Citiram: Lelee!!! Vo zivotot nemam videno, da mrazi nekoj chovek tolku mnogu, kako sto otec Ljupcho go mrazi otec Gavril ! Sekakvi loshi raboti zboruva za nego…Bog da chuva !!!

    A koga go zaprasavme o. Nikodim, sto e toa sto se sluchuva?.. O. Nikodim odgovori, citiram: deka tie kradat od eparhijata i mislat deka i o. Gavril krade kako niv, pa sakaat da go namestat , ama ne se sekirajte jas sum tuka sega blagajnik ( vo manastirot sv. Prohor) i na sledniot popis ke im dokazam deka o. Gavril e chesen chovek.. Gi proveriv site negovi smetki vo manastirov i gledam deka o. Gavril uredno rabotel so blagajnata, duri chuval smetki od samiot negov pochetok, od pred 7-8 godini koga doshol vo Australija… Ne se sekirajte jas sum monah i nema da dozvolam mojot brat da padne…!

    Hristos pomegju nas, i samo neka se odmotuva klopceto i da izleguva vistinata na videlina.
    Hristos pomegu nas!

  2. Pa zarem ušte toj takanarečen vladika Petar se titulira kako vladika na MPC. Namesto so Vraniškovski , makedonskoto sudstvo treba da se zanimava so toj, nikogaš pomal čovek , a pogolemo zlo.Treba većem da dade odrovor za negovoto despotsko odnesuvanje kon makedonskite sveßtenici , sto sovremeno se vika mobing.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *