Почетна Вести Регион Шокантен настап на рускиот патријарх – бугарскиот претседател доби руска лекција во својот кабинет

Шокантен настап на рускиот патријарх – бугарскиот претседател доби руска лекција во својот кабинет

4.71K
4

Рускиот патријарх Кирил без никакви дипломатски ракавици му соопштил на бугарскиот претседател Румен Радев, и тоа во неговиот кабинет во Софија дека Бугарија ја фалсификува историјата, негирајќи ја улогата на Русија во ослободувањето на Бугарија од осламнислата власт.

Рускиот Патријарх Кирил, чија прес служба го објави и видеото од средбата, на моменти и со повишен тон, шест минути му држи лекција по историја на претседателот на Бугарија, а Радев внимателно само го слуша.

Настапот на Патријархот Кирил, повеќе наликуваше како на настап од политички комесар, кој дошол во Софија да пренесе јасна порака за Бугарија.

Патријархот Кирил неколкупати му посочува на Румен Радев дека е разочаран од сознанието дек Бугарија, за која Русија дала крв, ја негира улогата на Москва во нејзината слобода.

Погледнете го ова шоу на поглаварот на Руската црква од средбата со бугарскиот претседател.

Коментар(4)

  1. Бугарите од секогаш си ја фалсификуваат историјата. Ова е директен доказ. Да не беа Русите, Бугарија никогаш немаше да се ослободи во 1876 година од Отоманското ропство.

  2. Патријархот на РПЦ, се изрезили самиот. Ако целта му беше да ги влоши руско-бугарските односи, тогаш посетата на Бугарија и БПЦ-БП може да се оцене како успешна. Во изјавите на официјалните претставници на власта немаше ништо што би предизвикало таква непромислена и брзоплета реакција на г.г. Кирил Московски и на Цела Русија.

  3. Da zivee Rusia i Ruskiot narod. Sekoja cest za nivnata otvorenost i Javno kazuvanje na VISTINATA U OCI. Carevi!!! Bravo za ruskiot patrijarh I za negóvata iskrenost od dnoto na svojata dusata. Blogosloveni da ste site Rusi za vasata dobrodusnost i GOVOROT NA VISTINATA. Amin

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *