Почетна Вести ШОК ЗА ПРАВОСЛАВИЕТО: Епископски милионски бал на Крит
ШОК ЗА ПРАВОСЛАВИЕТО: Епископски милионски бал на Крит

ШОК ЗА ПРАВОСЛАВИЕТО: Епископски милионски бал на Крит

2.14K
1

70 милиони евра. Толку предвиде Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и организациониот одбор дека ќе чини одржувањето на историскиот Собор на Православната црква во јуни на Крит.

Информацијата за шокантно високиот буџет ја објави грчкиот портал, Ромфеа јавно поставувајќи го прашањето дали овој буџет е вреден за една заедничка фотографија по завршувањето на Соборот, ако се има предвид дека од него нема да произлезат никакви суштински и значајни заклучоци за иднината на Православната црква.

Предвидениот буџет од 70.000.000 евра треба да го покријат сите автокефални православни цркви, бизнисмени, донатори на црквата.

Според информациите на Ромфеа, шокантно високата сума веќе предизвикала негодување кај голем дел од православните цркви, кои ќе треба да одвојат и по неколку милиони евра за организацијата на десетдневниот Соборот на Крит.

Академијата на Вселенската Патријаршија, местото каде во Јуни од 17 до 28, ќе се одржи Вселенскиот Собор, за кој ќе бидат потрошени феноменални 70 милиони евра.
Академијата на Вселенската Патријаршија, местото каде во Јуни од 17 до 28, ќе се одржи Вселенскиот Собор, за кој ќе бидат потрошени феноменални 70 милиони евра.

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј со писмо веќе ги известил сите поглавари дека треба да ги соберат потребните средства за одржувањето на соборот. Повратно добил многу негативни реакции.

Руската православна црква, наводно ја разгледувала опцијата да не учествува во буџетирањето, туку сама да ги покрие сите трошоци за членовите на руската црковна делегација.

Вселенскиот Патријарх, Вартоломеј, кој го креирал буџетот.
Вселенскиот Патријарх, Вартоломеј, кој го креирал буџетот.

Големиот буџет, според организацискиот одбор е поради големиот број предвидени учесници. На големиот вселенски собор на Православната црква, кој ќе се одржи по повеќе од 1200 години ќе бидат присутни над 1200 лица. 70 милиони евра, практично значи дека за едно лице просечниот трошок е над 58 илјади евра.

На Соборот ќе присуствуваат 800 официјални учесници, кои се очекува да пристигнат авионски од сите делови на светот. Тука се епископи од Јужна и Северна Америка, па се до Хонг Конг.

На Соборот како гости ќе учествуваат претставници и на сите христијански цркви, Католичката, Англиканската, ќе учествуваат и теолози, државни претставници, како и новинари.

Сите учесници е предвидено да бидат свестени во хотели со четири и пет ѕвезди. Во буџетот се превидени луксузни автомобили за превоз на гостите, исклучително квалитетна храна, материјали за работа на Соборот, сувенири, пропаганден материјал…

Со оглед на тоа што Соборот се одржува во шпицот на туристичката сезона, во тој период на Крит се и многу повисоки хотелските сместувања и авионскиот превоз.

Коментар(1)

  1. Поповско масло. П а немој после верниците да се чудат зошто после 12 векови се одржува вселенски собор. Се е јасно. Некој сака засекогаш да се обогати, секако да има материјална корист, а не верска. Всушност , препредените и мудри грци, на чија што и иницијатива се свикува овој собор сакаат, од верата на другиот христијански блок, а тое е само словенскиот , да се офајдат, тие пак да си го задржат приматот во одлучувањето и дефинирањето на верските постулати. Затоа е христијанската вера на толку делови подвоена. затоа е настаната расколот во 1054 година кога Христијанството се поделило на два противставени табори, источен и западен, еден со седиште во Рим, а друг во Цариград.Ова е доказ дека верата и црквата се чиста политика и чист профит, а никако некоја мистика и тајанствена појава. Оттаму и секојдневни договорени чуда за наивните, а особено интевизирани во една расколничка црква како што е Македонската, која на овој собор има само да се осуди , ако воопшто се спомне, а можеби и нема дда се спомне.Ете зошто верниците ги оставаат парите на иконите— за здравје и профит на побеснетите владики.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *