Почетна Коментар Шо има ново?
Шо има ново?

Шо има ново?

1.02K
2

Среќавам многу луѓе. Среќавам наши, среќавам странци, а среќавам и домашни странци. Од моите. И секогаш  следува првото прашање “кога дојде”, па второто “до кога си тука”,  и неизбежното “шо има ново”… И има многу а различни прашања и потпрашања, па сè нешто човек ќе чуе и послушне.

Велат пуч во Турција имало. Ама малку неуспешен. Море исцениран и нарачан. Таип султан ќе станува. Ај, ај ќе заврши како Гадафи на улица, ќе му пролијат крв. Демократ велиш, а смртна казна ќе воведувал. А зошто па да троши за храна за предавниците дури лежат во затвор? Море убаво им прави, тие на него војска ќе вадат. Ама уставно секуларноста ја брани војската. И нели уставно постапи војската? А што е поважно, Устав или демократија?

Америка првин го фалеше пучот, а сега демек демократ бил Ердоган. Гледаш дека тие се замешани. Само Шарените го поддржаа Пучот. А бе не ги доразбравте, само им смета автократијата. А така е, не можат по магарето, па сега по самарот. Да ги пратиме малку Стамбол да видат шо е демократија. Тука не им чинело.

Слушна дека 40 авиони им фалат на војската? Мислиш завршено е ова? Како експресно ги сменија судиите. 2500 за неколку саати. Е па Путин им го даде списокот. Ај бе Путин, па нели скарани беа? Хах, па нели гледаш дека го зезаат НАТО?

Мислам дека и НАТО е готов, како и Унијата. Еј, а ние глупи уште трчаме по НАТО и ЕУ. Путин златен, православен цар. Не зафркавај, е тој е прав диктатор. Грујо за него е мало дете. Само да ја земеме обврзницата па ќе видиш дали ќе го смени некој после. Уште 20 години ќе владее. Има да попушти сега со Пржинскиов. Готов е затвор не му бега.

А Заев нели е криминалец? Првин тој нека оди во затвор. А бе сите, сите што краделе има да лежат. А кој ќе остане во државава после. Ехее, какви деца млади има способни. Таквите не ти се враќаат за 200 евра да ти работат. Странство не им е поарно, ко црнци работат. Децата не си ги гледаат. Работат ама и земаат. Е шо ќе им се парите ако немаат време да ги трошат. А бе тие ќе се измачат ама барем на децата подобра перспектива им отвараат. Ако падне диктатурава многу ќе се вратат.

Луд си ако мислиш дека ќе е подобро ако дојде СДСМ? Каков СДСМ, кој им дава да се вратат. Избори бараат, а немаат програма. Нека проработи СЈО па ќе видиш како ќе падне ВМРО-то. Катица ли бе? Само Ленче ја признавам. Катица ќе ви го донесе умот. Каков тим направи. Е кој тим, кај се другите само Фатиме и Ленче. Како кој тим? Па нели виде дека сите беа некни во Американска амбасада на прославата? Аууу, значи за ЦИА работат. Ти викам јас, сите се шпиони. ЦИА го дрма цел свет. Мали и безначајни сме ние за Америка. А шо се меша Бејли во сè? Нека го остави Америка нашиот амбасадор таму да им каже нешто. Е па кога бараме пари од нив им даваме право и да ни се мeшаат. А бе да не беа овие Шарениве да нè кодошат по банкиве сега се ќе беше решено. 650 милиони знаеш ли ти колкави се? Па и внуците наши не ќе можат да го вратат долгот. За мене поарно е да враќаме кредити со години, ама да не можат да ни се мешаат Америве. И на Французиве убаво им направија. Како бе убаво толку народ да изгине? А тие кога бомбардираат цивили? Русите поарни да не се? А ти за Русија да не не си случајно? Кога ни помогнале тие? А бе Славјани се тие, поблиски сме сигурно повеќе нè сакаат. Е ние нели сме Антички?

Абе сме ама ние сме ги покрстиле Русите. Благодарение на свети Кирил и Методиј се описмениле. А кој според тебе е позаслужен светител? Кирил и Методиј или Мајка Тереза? Е шо Мајка Тереза дека скопјанка е, иначе шо направила за Македонија? Еми тогаш шо толкави споменици и правите? Не е од наши пари, шо ти е гајле. Субрата рече ќе го плати. Тој хохштаплер ли ќе плати? Нели е в затвор веќе? Шо го знам ама синовите тука се. А Џумајлија чија е сега? Ти за свети Наум да не ме гибаш? Не бе.

А шо е ова Амфилохие шо ги кани нашиве за свети Јован Владимир. Е тој не е Црногорец? Е, ама зет на Самоил. Значи бугарски зет? Ма немој, Самоил е наш Преспанец. Престолот му е во Охрид. А зошто споменикон е Скопје? Ја претераа со споменици Скопје на оваа сиромаштија голема.

Море пукнавме од жешко. Е жешко е на оваа сиромаштија. Пукање? Еј ја виде ли невестата шо пукаше со калашников? Сестра и рече не пукала со куршуми, со огномет пукала. Со шо и да е, срамота е. Од вашите е, па и се може. Нема врска. Како нема врска? Па секретарка на началникот била…

Луѓе, дај бе баталете политики, наши, ваши, Турција, Америка, Русија, ЦИА… Мора и нешто забавно да има? Шо има ново на тоа поле?

Во право си остај тоа, да видиш една нова апликација на мобилен што излезе. Топ е, бркаш Покемони по улица. А бе бегај луда работа, не да се фатат за работа. Големи деца се тоа, им фали забава, па ја наоѓаат во виртуелниот свет. Измислена е од ЦИА за да ги пратат луѓето. Батали бе тие теории на заговор. Шо бе батали? ЦИА го држи цел свет во заложништво. Русија им парира сега, не е како во времето на Елцин. Ех Елцин пијаница. Путин е друго. Им покажа сила. Која сила ја покажа? Е нели виде некни Пучот како заврши? Кој им ги откри плановите на Турците? Америчко масло беше.

И пак од почеток.

Пуч во Турција имало, ама малку неуспешен. Море исцениран и нарачан. Таип султан ќе станува. Ај, ај ќе заврши како Гадафи на улица со пролиена крв. Демократ велиш, а смртна казна ќе воведувал. А зошто пада не троши за храна за предавниците дури лежат во затвор. Море убаво им прави тие на него војска ќе вадат. Ама уставно секуларноста ја брани војската…

Рашомонијада. Цела светска и домашна политика распoслана и спротиставена меѓу сите што седат на иста маса.

Ах златно дома. Изгасен телевизор, телефон далеку од раце ставен на нечујно. ФБ колку да измориш очи пред да заспиеш. Блажена неинформираност.

Па нели сме на одмор?

Otec pimen 1Одмарајте. Дур е поладно. Да ги одмориме вжештениве глави.

И не заборавајте. Политичарите се секогаш во право. Ние им го даваме тоа право преку демократијата. А тие? Тие потоа ќе најдат начин како да ни ја земат демократијата. И пак ќе бидат во право. Нам од демократијата ќе ни остане само муабетот и кавгите на маса.

Пишува: Отец Пимен (ЗА OFF.NET.MK)

Коментар(2)

  1. Е ашколсун бе баба Пимен, мозоко на сите шашларма му го напрај. Кај ни’ беше напраен, ти го дошашлармоса. Само не си си ти кабает, иљаќим и тебе то ти било во глаата… Во нас си јет кабаетот шо си мислевне оти знајт детево нешчо! Од коа си станат владика, као валија да си, ја тераш работава. И пак маќедончево не можи од пуста мака да куртули од своите, од една страна од фанариотите сардисанo, од друга, од валиите као ти шо си се сторил, ко некој валија и бег заедно.
    Уште ќе му речам на народецо наш, Алла сељамет верс’н, оти да не е Тој сполај Му, пците со мас, немаше да не` јадат, емто на Василица, од такви слепи пастири као тебе. Шо рекол некој: Свети оци врзале, слепите одврзале. Јаз’к владичеството шо го имаш.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *