Почетна Вести Европа Шестмина кардинали од Ватикан оваа година ќе го изгубат правото на глас
Шестмина кардинали од Ватикан оваа година ќе го изгубат правото на глас

Шестмина кардинали од Ватикан оваа година ќе го изгубат правото на глас

89
0

Во 2018 година, шестмина кардинали ќе ја прослават 80-годишнината, по што ќе ги напуштат редовите на архиереите кои имаат право да гласаат на идната конклава. Во моментов, Соборот на кардинали се состои од 216 архиереи, од кои само 120 имаат право да гласаат во случај на избор на новиот папа, известува Ватикан Радио.

Сите шест од гореспоменатите кардинали ќе ја прослават својата 80-годишнина во првата половина од оваа година.

На 3 февруари кардиналот Антонио Марија Велхо, пензионираниот претседател на Папскиот совет за пастирска грижа на мигрантите и бегалците, ќе ја одбележи 80-годишнината. На 20 февруари, кардиналот Паоло Ромео, поранешниот папски нунциј во Италија и пензионираниот архиепископ во Палермо, ќе има 80 години. 6 март ќе ја прослави 80-годишнината и кардиналот Франческо Кокопалмерио, претседател на Папскиот совет за толкување на законските текстови. 29 Март, 80-ти роденден ќе биде одбележан и за португалскиот кардинал Мануел Монтеиро де Кастро, поранешниот папски нунциј во Шпанија. Три дена подоцна, на 1 април Архиепископот Ханој, виетнамскиот кардинал Пјер Нгуен Ван Нен, ќе има 80 години. На 6 јуни кардиналот Анџело Амато, префектот на Ватиканската конгрегација за канонизација на светиите, ќе ја прослави 80-годишнината.

Ако во првата половина од 2018 година папата Френсиск не може да назначи нови кардинали, тогаш во теоретската конклава, која може да се собере, почнувајќи од втората половина на 2018 година, ќе можат да учествуваат архиереи помалку од минимумот утврдениот во 1973 година од папата Павле V, односно 120 гласачи.

Инаку во текот на годината 2017 година починале 16 кардинали на Римокатоличката црква.  12 кардинали починале во 2000 и 11 во 1967 и 1998 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *