Почетна Вести Шест бегалци преминаа во Православие
begalci 1

Шест бегалци преминаа во Православие

1.67K
0

Шестмина бегалци кои се сместени во кампот во Идомени во Грција преминале во Православие. Нивна желба била да бидат покрстени на Велика Сабота, пишува грчкиот интернет портал „Ортодоксија“.

begalci 1Чинот на светата тајна крштение го извршил Митрополитот на Гумениса Димитриос во црквата „Света Богородица достојна“.

Четворица од нив се Сиријци, а двајца по потекло од Ирак. Меѓу нив имало и едно дете од две години.

Нивната намера да преминат во Православие била од поодамна, но Митрополитот Димитриос прво ги оставил да поминат низ процес на искушение. Во изјавата за „Ортодоксија“ тој потенцирал дека нивната желба била искрена.

-За време на моите посети на Идомени некои бегалци ми пријдоа со зборовите за Христос. Ги видов дека плачат, по што ме прашаа дали можат да станат Христијани. Им одговорив да почекаат, за да видиме до каде е нивната вистинита и самоиницијативна желба. Тие потоа поминаа секојдневно многу часови на катихизис, процес на осознавање, изјавил Митрополитот.

На Велика Сабота тие повторно изјавиле желба да станат Христијани, по што било организирано нивното покрстување.

Новопокрастените бегалци примиле и нови имиња, Рафаел, Ангел, Данил, Павле Христос и Димитриј. Тие воедно станале и локални жители на Аксиополи, каде биле и крстени.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *