Почетна Вера МПЦ-ОА Шекеринска: На овој Велигден да се потсетиме на работите кои не спојуваат
Шекеринска: На овој Велигден да се потсетиме на работите кои не спојуваат

Шекеринска: На овој Велигден да се потсетиме на работите кои не спојуваат

83
0

Верниците се собираат пред православните храмови во земјава за одбележувањето на најголемиот христијански празник Велигден. Со песна и со молитва, свештенството и верниците се подготвуваат да го објават и да го прослават воскресението Христово, со кое завршуваат велигденските пости. Екипи на 1ТВ во неколку скопски цркви ја доловуваат атмосферата. Екипата на 1ТВ во црквата Св. Илија во Аеродром вели дека верниците со радост го дочекуваат празникот, а овде имаа можност да разговараат со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа вели дека годинава часовите пред Велигден ги минува со колегите пред црквата Св. Илија во скопската населба Аеродром заедно со граѓаните. Како што вели, и за Велигден и за Божик, поради природата на нејзината работа, ги поминува празниците на терен, но секогаш со народот во различни делови од државава, а овој пат е првпат во Св. Илија.

Годинава во нејзиното семејство јајцата првпат ги вапцала нејзината ќерка, заедно со баба ѝ и со радост чека да се пофали со своето дело и да се обиде да победи во кршењето велигденските јајца. Како што вели министерката, ќерката од мала ја учеле дека треба да се радува кога победува, а да не се лути кога ќе губи, затоа што тоа е дел од животот и на вакви големи денови, целта не е да се победи, туку да се биде заедно, да се ужива во заедничките моменти и во позитивните мисли.

-Ова е еден од најзначајните празници кој покажува дека вербата, љубовта и убавите работи можат да бидат посилни дури и од смртта, рече Шекеринска.

Обично, со оглед на ангажманите, Велигден се труди да го прослави со семејството, а овој пат, иако кампањата постојано ги носи на терен, вели дека имала четири дена време да се посвети на семејството. Сепак, како што рече, во нејзиниот дом се уште не е се подготвено за празникот, но верува дека убаво ќе го поминат денот затоа што ќе бидат заедно.

-Овие моменти меѓу сабота и недела во христијанството се онаа тенка линија меѓу болката и страдањето и надежта. Ако саботата е посветена на болката и страдањето на мајката на Исус, неделата е радост за верниците кои видоа дека и смртта може да биде победена. Така е и во нашиот живот, често пати тенка е линијата меѓу болката и радоста, но на овој Велигден да се потсетиме на работите кои не спојуваат, на вербата во убави и важни нешта, во добрината и чесноста и во тоа име да најдеме повеќе заеднички точки, а помалку точки на кои се делиме. Затоа можеби е добро што Велигден се погоди меѓу двата изборни круга, за да не потсети дека и на државата, и на себеси и на граѓаните им должиме убави нешта и дека за таа убавина е потребно многу повеќе слога и доблест, рече Шекеринска.

Градоначалникот на о. Аеродром Златко Марин, кој беше исто така присутен, рече дека традиционално го празнува Велигден во црквата Св. Илија, со фамилијата, а во недела наутро во Св. Петар и Павле во Горно Лисиче.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *