Почетна Вера МПЦ-ОА Шеесеттина деца во бадниковата поворка во Дебар и Ростуше
Шеесеттина деца во бадниковата поворка во Дебар и Ростуше

Шеесеттина деца во бадниковата поворка во Дебар и Ростуше

167
0

Шесеттина деца од Дебар и селата Ростуше, Битуше и Велебрдо, подрачјето на Река, ја сочинуваа бадниковата поворка на радоста, која денеска, пеејќи ја ангелската песната „Вечниот Бог“ минаа низ главната и неколку споредни улици во Дебар, како и во Ростуше.

Поворката тргна од кај кружнот тек, во близина на општинската зграда во Дебар, носејќи во рака пештера – симбол на витлеемската пештера во која е роден Исус Христос и ѕвездички.

Во црквата „Света Петка“ ги дочека намесникот на Дебарската парохија, Миле Ангеловски, кој срдечно, ним и на другите присутни верници им го честита големиот празник, Христотовто раѓање-Божик, по што дечињата ги даруваше со синџирчиња со крст и новогодшни пакетчиња.

Бадниковата поворка потоа продолжи во село Ростуше, админстративен центар на општина Маврово Ростуше.

Поворката беше побројна, а црквата преполна поради фактот што голем број, пред се дебрани од помладата генерација, за празникот се тука во родното место.

– Кога децата и сите верници ја пеаја ангелската песна „Вечниот Бог“, како сите ангели да слетаа во овој божји храм, срцето ми се исполни со радост, а душата ми ја стоплија овие мали ангелчиња. Денеска црквата наликуваше како во времето кога тука живееја многу православни, рече Јованка Јосифовска.

Во црквата „Света Петка“ денеска во 16 часот,  ќе биде одржано Претпразненство на раѓањето Христово, утре на Христовото раѓање во 7:15 часот златоустова литургија, а богослужби ќе има и следните два дена.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *