Шамбевски: Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши

Date:

Share post:

Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши.

Ова е денот што го создаде Гос­под за да се зарадуваме и да се развеселиме во него.

Псалм 118/23-24

Одлуката на Вселенската Патријаршија во однос на Македонската православна црква е историска и е многу значаен чекор напред за ова многу важно прашање. И затоа Овој ден е историски за Македонија! Честитки за мудроста и трпението на нашиот поглавар, неговото блаженство г.г. Стефан и целиот Синод на МПЦ.

Честитки за сите што се вложија себеси… голем, голем ден за Македонија е ова!

Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши. Ова е денот што го создаде Гос­под за да се зарадуваме и да се развеселиме во него.

Псалм 118/23-24

П.С. На илустрацијата е Исус Седржителот од Бигорскиот Манастир! Нека бдее вечно над нас и над Македонија!

Пишува: Оливер Шамбевски (Фејсбук статус)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here