Почетна Вести Сестрите од Рајчица изготвија рачно изработени божикни пештери
Сестрите од Рајчица изготвија рачно изработени божикни пештери

Сестрите од Рајчица изготвија рачно изработени божикни пештери

1.28K
0

Неуморните монахињи од Манастирот Свети Ѓорги Победоносец во Рајчица подготвиле рачно изработени божиќни пештери, кои во пресрет на еден од најголемите христијански празници, Раѓањето Христово, секое христијанско семејство би требало д аги има во својот дом.

Станува збор за рачно изработени пештери(симболика за местото каде е роден Христос) кои се направени од различни прикладни материјали, уникатно украсени и збогатени со иконата на Рождеството Христово. Со нив има и кандилце и тие претставуваат прекрасно надополнување на Божикното дрвце, во духот на православна традиција.

Украсите се изработени со благослов на архимандрит Партениј, а поттикнати од желбата божикната атмосфера да биде внесена во православните домови.

– Божик е време кога треба да се потсетиме на најголемиот дар на Бога за целото човештво, најголемиот израз на Неговата љубов – раѓањето Негово од Дева, заради спасението на светот. Затоа сѐ на Божик треба да потсетува на тој спасителен за нас миг. Тогаш и домовите наши треба да го носат ликот на Витлеемската пештера, за со својот празничен амбиент да ја раскажуваат таа чудесна Божикна приказна за Божественото Дете, Кое дојде кај нас и ни ги донесе мирот, радоста, љубовта, велат од Бигорската Обител

Повеќе детали за украсите и каде можат да се набават, прочитајте ОВДЕ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *