Почетна Вера Сестра Софија, прва монахиња на Кнежинскиот манастир
a-49
a-25
a-24
a-23
a-22
a-21
a-20
a-15
a-13
a-12
a-11
a-10
a-9
a-8
a-7
a-1 (1)

Сестра Софија, прва монахиња на Кнежинскиот манастир

1.43K
1

Кнежинскиот манастир Свети Ѓеорги Победоносец, кај Кичево ја доби првата монахиња. Кнежинската Обител, која е дел од монашкото братство и сестринство на Бигорски, ќе ја води Сестра Софија, која беше замонашена од надлежниот Архиереј, Владиката г. Тимотеј и Архимандритот Партениј во манастирот.

Замонашувањето на сестра Софија е уште еден чин во големото дело на Архимандритот Партениј за јакнење на монашкиот ред на Македонската Православна Црква.

-Навистина голема беше радоста на големото мноштво присутни верни што возобновената Кнежинска Обител веќе ја доби својата прва монахиња. Стоејќи трепетно пред својот надлежен архиереј, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, и благодатно утврдена со молитвите на својот Старец, Архимандрит Партениј, христољубивата наша сестра Драгица смирено ги положи монашките завети и радосно го прими името на премудроста Божја, Софија, како и онаа света и славна маченичка Христова Софија со своите три ќерки: Вера, Надеж и Љубов. И додека нејзината уста ги изговараше древните зборови на монашкото заветување, со срцето и душата таа целосно се предаваше на Бога, посведочувајќи Му ја својата љубов и верност, запечатена со солзи на искрено умиление. Во таа молитвена атмосфера особено моќно зазвучи соборното „Господи помилуј“, со кое присутните монаси и верни бараа од Бога да ја прими во Својата љубов новата монашка рожба и да ја утврдува и просветлува во нејзиниот монашки подвиг, на патот на преображението на нејзината душа, сѐ додека не ја достигне мерата на полната возраст на Христовото совршенство, велат од Бигорски.

/ФОТО БИГОРСКИ

Коментар(1)

  1. Во кнежинскиот манастир прва монахиња е сестра Доротеа, замонашена на 11 Октомври 2007 година (http://www.preminportal.com.mk/arhiva/266-vesti/427-osveten-knezhinskiot-manastir-11-10-2007-g-). Таа се упокои во Господа на 3 јануари 2016 година (http://www.dke.org.mk/index.php/2865-2016-02-11-21-25-33).
    Сестра Доротеа целосно се вложи себеси во изградбата на кнежинскиот манастир и се што денес има таму е нејзино дело. Впрочем истото е и со Пречистанскиот манастир во Кичево, таму 50 години твореше сестра Агнија која се упокои минатата 2016 година. Фалсификувањето на историјата и на фактите, е голем грев особено во овој случај кога некој сака да претстави дека се започнува со него!
    Господ е голем и се гледа!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *