Почетна Вести Ислам Сериозна анализа за евентуално ревидирање на издавањето визи за аџилак
Сериозна анализа за евентуално ревидирање на издавањето визи за аџилак

Сериозна анализа за евентуално ревидирање на издавањето визи за аџилак

37
0

Потребна е длабока, сериозна анализа за да се утврди дали е можна ревизија на Одлуката од 1993 година во врска со издавањето визи за аџилак, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговорајќи му на пратеникот Мухамед Зеќири, Спасовски објасни дека Одлуката е донесена заради меѓународен реципроцитет, заштита на безбедноста на РМ, но и заштита на здравјето на луѓето кои патуваат во Саудиска Арабија.

За сите поклонички патувања, потенцира Спасовски, независно дали се организирани од ИВЗ, МПЦ или некоја друга верска заедница, одредбите од Законот за патни исправи, мора да се почитуваат.

– Секоја година пред вакво поклоничко патување, се организира координативен состанок меѓу здравствениот санитарен инспекторат, МВР, Царината, Аердормот и ИВЗ. На овој состанок се презентира бројката на заинтересирани лица кои сакаат да одат на аџилак и врз основа на тоа се издаваат визите. Но, пред тоа, е неопходно, тие лица да имаат влезни визи од Саудска Арабија, објасни министерот.

Само групи со минимум 40 лица, додаде, може да одат заедно на патувањето, а секоја треба да има најмалку еден лекар со соодветна медицинска опрема, како и лицата да примат соодветна вакцина.

Лицата, пак, кои се враќаат од аџилак, не смеат да внесуваат вода или храна во Македонија.

Зеќири претходно, поставувајќи го пратеничкото прашање, обвини дека поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи ги злоупотребува, како што рече, визите за аџиите.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *