Серафим од Слепче нов архимандрит – дали му се отвата патот за владика во Австралија?

Date:

Share post:

Игуменот на Слепченскиот манастир Серафим е унапреден во архимандрит на МПЦ-ОА. Одлуката е донесена на синодската седница летово, но тогаш Синодот само соопшти дека се донесени одлуки за унапредување, но не соопшти имиња.

Дека Серафим е архимнадрит, се чита од вест објавена на црковниот портал Литургија.мк, а се однесува на негова посета на Австралија, каде тој е титулиран како архимандрит. Серафим бил во Австралија на покана од тамошниот митрополит на СПЦ.

-На 6 ноември годинава, Високопреподобниот архимандрит Серафим од манастирот „Св. Јован Крстител“ – Слепче, Демирхисарско, го посети Високопреосвештениот Митрополит Австралиски и Новозеландски г. Силуан од Српската Православна Црква во неговата резиденција во Кабрамата. Отец Серафим пристигна во Австралија во придружба на две монахињи од Слепченскиот манастир. По срдечниот прием и братскиот разговор, гостите, во придружба на Митрополитот, го посетија Колеџот „Св. Сава“ во Варовил. При таа прилика им беше претставена работата на Колеџот, како и плановите за понатамошен развој на оваа просветна установа што функционира под покровителство на Српската Православна Митрополија на Австралија и Нов Зеланд, пишува во веста на Литургија.мк.

Од овие информации нема детали дали Серафим имал средби и со македонските црковни општини, но оваа негова посета на Австралија отвара многу дилеми, одобено што МПЦ-ОА се уште нема избрано наследник на покојниот администратор на една од тамошните епархии.

Назначувањето на Серафим за архимандрит, го вбројува во редот на потенцијални кандидати за тамошен владика. Серафим на јавноста и е познат по исклучително блиските релации со СПЦ и дел на блокот владици кои негуваат руско-српски симпатии.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img