Почетна Вести Христијанство Семејството Невистиќ со радост се подготвува за посетата на папата

Семејството Невистиќ со радост се подготвува за посетата на папата

145
0

Изминатите 15 дена во хрватското семејство Невистич кое повеќе од 3 децении живее во Македонија, се е во знакот на доаѓањето на Папата. Мислат позитивно, се молат и со нетрпение ја очекуваат утрешната миса и блиската средба со поглаварот на римокатоличката црква.

-Што значи за вас утрешниот настан? – Знаете, кај оди папата носи мир и просперитет..Се бараше карта да се види папата, не само да се присуствува, вели Станко Невистич од заедницата на Хрватите во Македонија.

Станко Невистич вели дека утрешната церемонија е настан што се случува само еднаш во животот, да се види папата и да добијат благослов. Неговата сопруга ќе земе слободен ден од работа за да присуства на плоштадот.

-Цела Македонија треба да се чуствува позитивно, секој да присуствува, но мислам дека не се направи доволно, бидејќи утре е работен ден и не може секој да дојде, вели Невистич.

Хрватите кои живеат во внатрешноста во земјата утре организирано ќе дојдат на мисата во Скопје. Според податоците од нивната заедница, на последниот  попис во 2002 имало 2700 Хрвати во Македонија, но Невистич вели дека оттогаш бројката е двојно поголема.

/sitel

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *