Почетна Анализа Секуларизам или напад на верските слободи?
Секуларизам или напад на верските слободи?

Секуларизам или напад на верските слободи?

375
0

Дали одлуката на Високиот судски и обвинителски совет на Босна, да забрани носење „хиџаб“ во судските институции е напад на верските слободи или секуларизам. Жените муслиманки, кои носат шамии и марами, минатата недела протестираа против оваа одлука, оценувајќи ја како кршење на основните верски и човекови права.

Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина
Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина

Според одлуката на судскиот и обвинителски совет, сите адвокати, обвинители и другите вработени во правосудните институции веќе не можат да носат хиџаб на работа. Забраната важи и за сведоците, без разлика во кое улога тие ќе се појават и како сведоци, од случај до случај ќе се утврдува дали жените на кои со марама им е покриена главата ќе им биде дозволено да учествуваат во расправата.

Забраната за носење на „религиозни симболи” се однесува на припадниците на сите религии. Многумина тврдат дека ако еден ѓердан со крст може да се отстрани или сокрие, истото може да важи и за хиџаб.

Оваа одлука има и законска основа, според која се наведува дека „судии и службени лица не можат да покажат каков било вид на верска, политичка, национална или друга припадност во вршење на службата”. Во Босна и Херцеговина овај закон е донесен во 2003 година, но никој досега не се обидел да го стави во пракса.

Ханади Салкица работи како адвокат од 2007 година, во градот Зеница. Таа вели дека нејзиниот хиџаб не е религиозен симбол, туку начин на живот и личен стил на облекување. Вели дека никогаш не сретнала судија или било кој било друг во судницата, кој на неа гледал поинаку, поради хиџабот.

Критичарите тврдат дека терминот „религиозен симбол” е нејасен и произволен и дека одлуката ги крши основните човекови права како што се слободата на вероисповедта и правото за работа, кои се заштитени со Декларацијата на ООН и Европската конвенција за човекови права и се влезени во сите устави во Босна и Херцеговина.

Исмалската верска заедница во Босна, побара преиспитување на одлуката на судскиот совет, оценувајќи дека таа е напад на верските слободи. Дермана Сета, доктор по веронаука и претседател на Комисијата за верски слободи на Исламската заедница вели дека овие права можат да се ограничат во едно демократско општество, под услов дека тоа е во согласност со законот, со легитимна цел во умот и дека мерките се пропорционални на потребите. Во овој случај, Сета вели, ниту еден од овие услови не се исполнети, ниту, пак, имало дебата за тоа во Парламентот.

Според прелиминарните резултати од пописот на населението во 2013 година, 50 отсто од населението во Босна и Херцеговина се муслимани.

Протести во Босна поради одлуката
Протести во Босна поради одлуката

Откако во јавноста излезе веста за забраната на хаџибот постојано пристигнуваат онлајн петиции и се одржуваат маршеви во различни градови. На 1 февруари, на Светскиот ден на хиџабот, хиџаб активистките беа објавени на фотографии на кои држат значки со хаштагот #unbiased.

Ова не е прв пат хиџабот да предизвика контроверзии во земјата. Во 2012 година, Емела Мујановиќ, офицер на вооружените сили на Босна и Херцеговина, беше суспендиран откако одби да ја отстрани нејзината марама. Случајот стаса и до босанскиот Устравен суд, кој заклучи дека со тоа нејзиното право да ја практикува својата религија не било повредено.

За оваа одлука на Високиот судски и обвинителски совет во Парламентот на Босна и херцеговина веќе е поднесена иницијатива за утврдување на нејзината законитост. Најавите се дека сепак забраната може да биде повлечена.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *