Почетна Вести Се заоструваат односите меѓу СПЦ и Романската црква – можен нов раскол во Православието!
Се заоструваат односите меѓу СПЦ и Романската црква – можен нов раскол во Православието!

Се заоструваат односите меѓу СПЦ и Романската црква – можен нов раскол во Православието!

446
1

Српската православна црква е пред одлука да го прекине литургиското општење со Романскаата Православна црква.

Соборот на Архиереи на СПЦ, на последното заседание одржано од 14 до 24 мај 2017 година, донел одлука со која му овозможува на Синодот на СПЦ, кога ќе оцени за потребно да го прекине сослужувањето со Романската Патријаршија.

Ваква одлука беше за очекување по долгогодишниот спор што СПЦ го има со Романската црква околу состојбите со романските свештеници коим, без дозвола на СПЦ, вршат црковни обреди на територија која е јуриздикциско подрачје на СПЦ.

-Соборот со голема жалост констатира дека Романската Православна Црква не само што ги продолжува своите антиканонски упади во јуриздикцијата на Српската православна Црква, туку тие упади дополнително ги интензивира и ги проширува на целата српска канонска територија. Доколку РПЦ веднаш не престане со својата крајно небратскољубива и етнофелитистичка пракса, Светиот Синод на СПЦ, по овластување на Соборот на СПЦ, ќе биде приморан на најмачниот начин, но единствен можен чекор, да го прекине литургиското и канонско општење со оваа Црква се до нејзиното враќање кон познавање на правото, стои во соопштението од Соборот на СПЦ.

Коментар(1)

  1. Овога ће бити још док се не искорени етнофилетизам . Док се год помесне Цркве зову румунска , српска, бугарска , македонска ,руска , неће бити јединства у Светој Саборној и Апостолској Цркви . Не може се помесна Црква звати по нацији . У Цркви нема “ни Грка ни Јевреја “. Овакве етнофилетистичке чарке само руше јединство Цркве и томе се може радовати само архијеретих из Ватикана.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *