Почетна Вести Се вжешти дебатата за абортусот – За Пировска, Господ е најголем непријател на жената
Се вжешти дебатата за абортусот – За Пировска, Господ е најголем непријател на жената

Се вжешти дебатата за абортусот – За Пировска, Господ е најголем непријател на жената

628
2

Претседателката на „Хелсиншкиот комитет“ Уранија Пировска, на денешната собраниска Комисија за здравство го критикуваше претходниот Закон за спречување на бременоста, а рекламите за тоа што е абортусот, кои порано беа прикажувани на МТВ, ги нарече гозоморни.

– Беа потрошени 36 милиони денари од буџетот за да може да гледаат девојките и жените како изгледа абортусот, па на крај рекламите завршуваа со „Ви честитам, тукушто одземавте живот кој што можеше да израсне во прекрасна..“ перверзно – изјави Пировска.

Таа додаде дека деновиве повторно јавноста се соочува со користење на верските заедници за спречување на промена на Законот за прекинување на бременоста.

– Никој нема право, најмалку верските заедници да влезат во овој дом. Република Македонија е секуларна држава и многу ни е драго што беше спречено нивното влегување овде. Овде се носат световни закони, тие во своите храмови нека одлучуваат за небесните. Господ секогаш и бил најголем непријател на жената и нема право да се зборува за верски чуства при носење на овој закон – изјави Пировска при што имаше негодување во комисиската сала.

Таа додаде дека за овој закон имаат право да зборуваат само жените и стручните лица.

Законот го поддржа и пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

– Многу ќе не осудат и ќе речат дека ВМРО е демо-христијанска партија и не треба да поддржуваме абортус. Со носењето на овој закон нема да ги поттикнеме жените и да им кажеме дека абортусот е добро решение, но административните забрани нема да ја спречат жената да абортира – рече Рангелова.

Таа додаде дека кога се носел претходниот закон за абортус, таа не била пратеничка, но не сакаше да ги осуди пратеничките кои тогаш гласале за законот.

– Најверојатно била политичка одлука тогаш, но законот не е добар. Имаше многу поплаки од административните закони, кои не само што не ги одвратија жените да абортирааат, туку ја зголемија болката и емоционалниот притисок пред да ја донесат оваа одлука – изјави пратеничката.

Според неа, со административни забрани нема да се зголеми наталитетот на државата и го повика министерството и невладините да ги едуцираат младите како можат да спречат несакана бременост.

Во комисиската сала имаше претставници од невладини организации кои се спротивставуваа на донесување на овој закон што доведе до вжештена атмосфера во просторијата.

Светлана Јовановска од центарот за советување „Срцето што бие“ ја праша Пирановска, ако Господ бил најголем пријател на жената, зошто ја создал.

– За луѓе кои што тврдат дека се борат за правата на жената да имат избор, со овој закон и овозможувате се освен право на избор, зошто само аборутсот го ставате како избор, каде е нејзиното право да се оствари како мајка – праша Јовановска, што доведе до доста негодување од присутните.

– Жените кои наумиле да абортираат, никој не може да ги спречи, но што е со оние жени кои не знаат што да прават, зошто не им дозволите на тие жени да си земат време и да разговараат со некого. Не им дозволувате да се соземат од шокот дека се бремени, туку веднаш сакате да ги ставите на операционите маси и да го извадите детето од уторбата. Дојде животот, да, само не за неродените деца – му се обрати Јовановска на министерот Филипче.

Рангелова во процедурална забелешка и се обрати на Јовановска дека и таа е голем верник, но христијанско право на една жена е сама да одлучи дали да абортира или не.

– Иако сум верник, денеска е 21 век, и многу ми е жал што голем верник зборува со толкава омраза. Не можете да кажете дека на жената ќе и се оневозможи правото да се оствари како мајка – изјави пратеничката Рангелова.

Коментар(2)

  1. Имтересно, значи според г-ѓа Пировска, жените сами се оплодувале – хемафродити, па само тие смееле да одлучуваат за неродените деца, а кае се мажите, кои ги оплодиле, зарем тие не се прашуваат. Кој му дал исклучително право на жените тие да одлучуваат за раѓање или нераѓање, каде е правото на детето да живее, кој смее да донесе закон да се убие новиот живот. Зарем ова е некој израсток од телото па жената има екслузивно право да го отстрани. Г-ѓо Рангелова, Вие мислите дека само заради тоа што сте крстени па имате право да се декларирате за верник. 7 заповед гласи НЕ УБИВАЈ, а абортусот според сите норми е класично убиство. Прочитајте ја оригиналната Хипократова заклетва, а не онаа што лекарите 1948 год. во Венеција ја променија заради нивни интерес. Една позитивна изјава на г-ѓа Пировска е ека треба да се консултираат стручни лица, а тоа се лекарите ембриолози, кои ќе потврдат дека животот настанува во моментот коха машкиот сперматозоид ќе ја оплоди женската јајцева клетка. Прашуван дали Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права навистина е комитет за заштита или комитет а легализација на убиствата.

  2. se slozvam so to deka abortusot e ubostvo na nekoj nacin ali ipak treba da se zemi vo predvid i deka stvarno postojat nesakani situacii kade zenata zabremenila i ednostavno ne e vo moznost da go nosi to dete….zosto da ne go abortira…primer d recime ja silivale i ostanala trudna..so treba da praj ta sega cel toj stres i toj sok da mu go prenesi i na deteto ponatamu i sekoj pat koga ke go vidi da se podseka na ta situacija…abortusot bi bil vo red samo dokolku ima nekoja pricina ozbilna pricina da nemozi da se zacuva deteto a ne ko vo slucajov da si primoran da go zacuvash a nemozish ednostavno neli i nikoj drug ne e kompetenten da zastani i vo tvoe ime da ti kazi i da te ubeduva deka morash da go zacuvash….i da ja trgnime religijata na strana posto to e najgolemata laga vo denesnicava bez vrska dali zborame za hristijanstvo ili za islam ..sve e ista izmislena prikazna…naovaj svet samo samite sebesi si znajme so e tocno najdobro za nas..nekoj rug mozi da ne posovetuva samo da proba da pomogni ali nikoj nemozi da se nosi so ona so si go pominal ti

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *