Почетна Вести Христијанство Се враќа монашкиот живот во манастирот Богородица-Пречиста кај Кичево
12
11
10
9
8
7
6
5
3
1
4
2

Се враќа монашкиот живот во манастирот Богородица-Пречиста кај Кичево

4.14K
0

Македонската православна црква, благодарение на Бигорската обител ќе ја продолжи монашката традиција на древниот и историски многу значајниот кичевски манастир на Пресвета Богородица – Пречиста.

По смртта на игуменијата Агнија, Дебарско-кичевската епархија го возобновува женското монашко сестринство во манастирот. Новото пречистанско сестринство е составено од сестра Харитина Јакимовска како најстара сестра (а наскоро најверојатно и старешина), како и монахињите Нина и Теодора, и искушеничките Весне, Весна и Николина.

2Според благословот на Владиката Тимотеј, сестрите биле повикани на послушание да го продолжат континуитетот на монашкиот живот во Манастирот, после неодамнешното упокојување на игуменијата Агнија.

-Славниот кичевски манастир на Мајката Божја, познат уште и како Крнински Манастир, бил основан уште во средниот век (најверојатно во почетокот на 14 век), но бил подложен на целосно уништување од страна на Османлиите во 1558, кога со својот страдалнички подвиг засветлиле и Светите Пречистански Преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј. Денешниот велелепен храм изграден од камен, кој е воедно и најголемиот манастирски храм во Македонија, датира од 1848 година, а за неговата изградба најголем придонес дале Мијаците од долнореканските села, особено Ѓурчин Кокале од Лазарополе. Ова светилиште станало дом на многу наши просветлени духовници и учители и поради тоа одиграло особено важна улога во времето на Преродбата. Уште од самото свое создавање, како една голема Богородична светиња, Манастирот бил под посебна закрила на Пречистата Богомајка, и според нејзината чудесна промисла, никогаш не бил оставен без монаштво, велат од Бигорската обител.

4Пречистанското сестринство е под духовното раководство и грижа на отец Партениј. Сестрите конечно ќе се преселат во своето ново место на подвиг, кога од страна на Митрополијата ќе бидат создадени соодветни услови за тоа.

-Ги просиме молитвите на сите верни, благословот на Царицата Небесна да пребива секогаш над нив, за да напредуваат во монашкиот подвиг на верата и послушанието, подобно на Светиот Акакиј Синајски, кој на денот на својот спомен ги повика сестрите да го подражаваат во неговиот блажен пример, велат од Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *