Се урна црква во Етиопија – најмалку 25 лица настрадаа, а повеќе од 100 се повредени

Date:

Share post:

Најмалку 25 лица настрадаа кога црква во изградба во регионот Амхара во Етиопија се урна во среда, соопштија локалните власти.

Инцидентот се случил рано во среда во црквата Мењар Шенкора Арерти Маријам во регионот Амхара во северна Етиопија, додека верниците се собирале на годишна прослава посветена на Света Марија, објавува „Еј-би-си-њуз“.

Сејум Алтаје, болничар во локалната болница, рече дека меѓу загинатите има деца и постари лица.

„Досега потврдивме 25 смртни случаи и повеќе од 100 повредени“, рече тој.

Тој додаде дека болницата бара помош од Црвениот крст за лекување на повредените.

Тешале Тилахун, локален администратор, предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Средба на Бугарскиот патријарх Даниил со пратеничката група на БСП – Обединета левица

Неодамна во зградата на Бугарската Патријаршија се одржала средба помеѓу Патријарх Даниил и пратеничката група на БСП –...

Црквата и студентските протести

проф. д-р o. Владан Перишиќ   Што е тоа во оваа српска реалност – мрачна и злокобна поради криминалот што...

Владиката Петар служеше во Сремски Карловци – СПЦ не соопшти од која црква доаѓа

Српската православна црква продолжува да не ги раздвојува македонските од српските владици во јавните известувања. Официјалната црковна телевизија...

Српскот етнички шовинизам ја премина границата на толеранција во Македонија

Во последниот период сме сведоци на сè почести појави кои сериозно го нарушуваат достоинството на македонскиот народ и...