Почетна Вести Се случува ли чудо во црквата во Трубарево?
Се случува ли чудо во црквата во Трубарево?

Се случува ли чудо во црквата во Трубарево?

6.79K
0

Со иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата во Трубарево од утрово се случува невообичаена работа, дознава „религија.мк“

Веднаш по неделната литургија, присутните забележале капки налик на вода на самата икона. По извесно време целата икона била оросена .

ikona mirotociВаквите случувања во црквата обично се нарекуваат „мироточење на икони“, нешто што не е непознато и честопати се појавува во многу цркви.

Сепак, засега никој не може да потврди дали во овој случај станува збор за „мироточење на иконата на Пресвета Богородица“, или пак водените капки кои се појавиле се резултат на нешто друго.

Црквата, како што дознава „религија.мк“ е затворена за јавноста и се чека посета од Архиепископот г.г. Стефан.

Црковни извори за „религија.мк“, велат дека се додека не се провери вистинската состојба со иконата, да не се создава во јавноста никаква перцепција дека се случува чудо.

-Постојат начини како тоа се порверува, тоа е процес и кога ќе се утврди вистинската состојба, може да се одговори што точно се случува, нема потреба да се создава атмосфера дека е тоа некое чудо, велат за „религија.мк, извори од МПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *