Почетна Политичка теологија Саудискиот принц открива мрачна тајна: Екстремистичкиот вахабизам е ширен на барање на Западот!
Саудискиот принц открива мрачна тајна: Екстремистичкиот вахабизам е ширен на барање на Западот!

Саудискиот принц открива мрачна тајна: Екстремистичкиот вахабизам е ширен на барање на Западот!

123
0

Мохамед бин Салман, крунскиот принц на Саудиска Арабија, во интервју за “Washington Post” открил дека Ријад навистина ширел екстремистичка вехабистичка идеологија за време на Студената војна, но дека тоа е правено на барање на западните сојузници.

Целта беше да се осуетат врските на Советскиот сојуз со муслиманските држави, вели Бин Салман во интервјуто кое го дал за “Washington Post”, за време на својата посета на САД.

“На барање на нашите сојузници, инвестиравме во создавање на курански училишта, џамии и ширење на вехабизам во муслиманскиот свет”, отворено рекол саудискиот принц, додавајќи дека целта на таа радикализација била да се спречи Советскиот Сојуз да го засили своето влијание во муслиманскиот свет.

“Нашите сојузници бараа да ги користиме нашите ресурси за постигнување на оваа задача”, навел тој. “Меѓутоа, во тоа ширење на исламскиот екстремизам саудиските влади малку залутале”, вели Бин Салман и оценува дека денес е потребно итно да се “работи на враќање во нормала”.

Кога станува збор за финансирање на фехабизмот, Мохамед бин Салман тврди дека парите во најголема мера се даваат на приватни институции со седиште во кралството и дека тоа никогаш не била државна политика.

/ТОЧКА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *