Почетна Вера МПЦ-ОА Сашко Ковачки го фати крстот во Делчево
Сашко Ковачки го фати крстот во Делчево

Сашко Ковачки го фати крстот во Делчево

84
0

Дваесетина млади момчиња денеска во реката Брегалница во центарот на Делчево скокнаа по светиот крст на традиционалниот чин на осветување на водите на реката Брегалница. Најсреќен меѓу нив беше дваесет и двегодишниот Сашко Ковачки, вработен во текстилна фабрика во Делчево кој по четврти пат се фрла во водите на Брегалница по светиот крст.

vodici delcevo a– Еве по четврти пат имав среќа. За мене ова е една убава традиција и посакувам Бога на сите да дава многу среќа, здравје и бериќет во новата година, рече Ковачки.

На среќниот фаќач на светиот крст компанијата „Зегин“ му даруваше бањарка и телевизор ЛЦД, додека градоначланикот на Делчево, Дарко Шехтански му додели 10.000 денари.

– Јас му посакувам на ова момче многу здравје и среќа во животот, а на сите верници од правослана вероисповед им го честитам празникот со желби за личен успех и здравје. Општина Делчево секоја година по традиција доделува парични средства со цел среќниот фаќач на светиот крст да си го одбере она што му е најпотребно, рече Шехтански.

На чинот на осветување на водите на Брегалница и покрај студеното и снежно време присуствуваа неколку стотина граѓани на Делчево.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *