Драги пријатели,
треба да знаете дека сите христијани во светот (православни, римокатолици, протестанти…) го одбележуваме Божик на 25ти декември, но по различен календар. Така римокатолиците, протестантите и дел од православните (11 од 14 помесни Цркви) го одбележуваат на 25ти декември по грегоријански и новојулијански календар, а дел од нас православните го одбележуваме на 25ти декември по јулијански календар (7ми јануари по грегоријански, прифатен од државата Македонија за официјален).
Време е да размислиме за потребата Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) да премине кон користење на новојулијанскиот календар (направен од православната Црква, не грегоријанскиот од папата Григориј XIII), кој е попрецизен, научно унапреден и ја задржува верската традиција и библиската точност.
Имено, јулијанскиот календар (создаден од паганин), воведен во 45 г. п.н.е., има грешка во пресметката на годината, што доведува до постепено поместување на датумите на верските празници. Грегоријанскиот календар (создаден од христијанин), усвоен во 1582 г., ја коригира оваа грешка, но дел од православните цркви го одбија поради страв од нарушување на традицијата.
За жал, во 2100 година (за само 75 години), ако продолжиме по јулијански, ќе мораме да го одбележуваме Божик на 8ми јануари по грегоријански календар и на тој начин ќе го напуштиме библискиот 25ти декември (7ми јануари).
Во 1923 г. беше воведен новојулијанскиот календар, кој е научно точен и речиси совршено се совпаѓа со грегоријанскиот, но со почит кон православната традиција – ја задржува постојната методологија за пресметка на датумите на Велигден.
Користење на календарите во православието:
- По стариот јулијански календар се водат Руската, Српската, Грузиската црква и дел од монасите на Света Гора.
- По новојулијанскиот календар се водат Вселенската патријаршија, Грчката, Бугарската, Романската и други православни цркви.
Зошто преминот е важен?
Со прифаќањето на новојулијанскиот календар, МПЦ-ОА ќе го усогласи времето на празнување со поголемиот дел од православниот свет, а истовремено ќе се придржува до најновите научни сознанија и ќе избегне погрешно поместување на празниците во иднина. Така, државата и Црквата ќе користат ист календар!
Да ја зачуваме традицијата, но и да го прифатиме она што е попрецизно и научно оправдано!
ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ?
* Секако тоа мора да се одвива во целосна согласност на САС на МПЦ ОА, никако по цена и на најмал внатрешен раскол.
Пишува: Петар Богојески (Фејсбук Статус)


Духовно индиферентните и непросветлени луѓе (многумина самоповикани експерти) ги интересираат разни видови на физичка егзактност меѓу кои и бројни своевидни статистички величини. Но, Светите Отци и во минатото и денес, имаат безвременска перспектива на соочување со фактот на трансдимензионалното заедничарење при една евентуална истовременост на празнувањата со христијаните од други конфесии. Се работи за мистично искуство и за мистичен учинок врз разни аспекти на Созданието, а не за историска доследност, како што мисли горе потпишаниот експерт. Без навреда, но никако не е негова работа да иницира нешта од ваков формат, да си зема улога на некаков Божји гласник или катализатор на процеси коишто ги смета за нужни или соборно полезни. Ја знаете анегдотата за Апел од Колофон, дворскиот сликар на Александар Македонски, кој при изработката на една слика бил советуван од некој сандалар да ги поправи сандалите на петиците од човекот на сликата. Откако бил уважен неговиот совет од големиот сликар, сандаларот се осмелил: “Мислам дека и носот треба да биде малку пократок, а јаболчниците нешто повисоки.” И продолжил со своите забелешки. Тогаш сликарот Апел подразгледал подобро и го испратил благодарејќи: “Сандалару, остани си кај сандалите. Останатото си е моја работа.” Римјаните направиле поговорка од оваа случка, која мислам е мошне полезна за разните видови популистички интервенции во разни области од современиот живот, особено во оние што се однесуваат на духовното формирање на личноста, па дури и на интелектуалното, кое е полесно проверливо на различни општо достапни рамништа. Овен тоа, како што еднаш чув на оваа тема од една американска монахиња во грчки православен манастир “Во Царството Небесно времето не ни постои.” Ако внимаваме на тоа дека Христос би бил тажен заради нечие задоцнето славење, што да се каже! Оваа дилема е повеќе прашање на трка кој повеќе ќе грабне од Божјата Трпеза за поупатените, а кој ќе успее да ја наметне својата вистина за духовно понеуките. Меѓутоа, празниците се само заквасување на времето што следи, а тоа време мора исто така да се одживее на висина на задачата и да ја потврди величественоста на празникот. На секого од своето место. Ако околу себе сте опкружени со дијаманти, а сметате дека се некакви гнили лепешки, и обратно – што може да смени за вас календарот? Колку и како ќе ви ја преобрази перцепцијата? Пак ќе мислите дека на Македонската Православна Црква нешто и’ недостасува, а некој друг дава не знам каков пример илинсведоштво за следење итн. Се разбира, денес можете лесно да се поврзете со огромен број луѓе, евхаристиски заедници, манастири итн. и приватно да го славите секој празник кога ќе посакате, тоа секако ќе ви донесе нешто ново. Но, да барате цела една локална Црква да се откаже од своето наследство заради некакви трендови или за вашите моментални убедувања и каприци е профана мамка за замајување на масите во лукав час. Оној што си го живее својот внатрешен живот нема многу потреба од надворешно мешање во внатрешните животи на другите.
Ne ni pomisluvav deka mozhi a mechtaev vo mene deka nekoj vaka znaj da rasfetluva nebulozi!
Jas na moment za malku kje se zanesev..,