Почетна Вести Регион САД ветува силна поддршка на Вселенскиот патријарх Вартоломеј
САД ветува силна поддршка на Вселенскиот патријарх Вартоломеј

САД ветува силна поддршка на Вселенскиот патријарх Вартоломеј

259
0

Американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пајт, кој викендов имаше средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, за време на неговата посета на Грција, му ветил силна поддршка од САД на Вселенскиот патријарх, особено поздравувајќи ги неговите напори за враќање на единството на Православната црква.

Грчките медиуми пишуваат дека средбата се случува и пред најавената посета на Вартоломеј на Америка оваа есен и само неколку дена по изборот на нов архиепископ на Американската православна црква.

-Тоа ќе биде првата посета на Вселенскиот патријарх на САД, по повеќе од една деценија и таа ќе се случи во многу важен момент за Американската црква. Нашата администрација ќе направи се што е потребно да му помогне на новиот Архиепископ да ја почне успешно својата мисија во САД, рекол американскиот амбасадор на средбата со Вартоломеј во Атина.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *