Почетна Вести САД го објави извештајот за почитување на верските слободи во Македонија
САД го објави извештајот за почитување на верските слободи во Македонија

САД го објави извештајот за почитување на верските слободи во Македонија

381
0

Речиси стандардните забелешки, кои веќе со години се појавуваат во сите извештаи на Стеј Департментот, се карактеристика и во извештајот за верските слободи во Македонија и за 2016 година.

Нерегистрацијата и судските процеси за ПОА, проблемите со Бекташите, како и случувањата и протестите во Општина Бутел, се дел од забелешките и во овој извештај.

Судот што е задолжен за регистрирање верски субјекти отфрлил една пријава, една прифатил, а сé уште не донел одлука за уште две инцијативи за регистрација, пишува во извештајот на САД.  Основниот суд Скопје II примил четири пријави за верска регистрација од кои ја  одобрил регистрацијата на Евангелската протестантска црква, а ја одби на Бекташиската заедница во Кичево. Апликациите од Христијанската заедница во Македонија и Заедницата на муслиманите остануваат во тек.

Според извештајот на САД, за верските слободи религиозните групи се пожалиле на фаворизирање на власта кон Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

-Муслиманската заедница објави дека владата  не дозволила изградба или реконструкција на џамии. Најголемата муслиманска група во земјата, Исламската верска заедница во Македонија (ИЦМ), потврди дека владата продолжила со нелегално прислушување на своите водачи. ИВЗ соопшти дека владата продолжила да ја спречува изградба на џамија во етнички мешаното село Лажец со одбивање на градежна дозвола поради притисокот од локалните жители што се противат на џамијата. Исто таков е и случајот со блокада за реконструкцијата на џамијата во Прилеп, која беше запалила за време на вооружениот конфликт во 2001 година, стои во извештајот на Стеј Департменото.

Во извештајот се нотирани и неколку инциденти на антисемитски говор на социјалните медиуми и вандализам против верските објекти. МПЦ-ОА пријавила десетина грабежи во православните цркви и манастири.

Американскиот амбасадор и други претставници на амбасадата имале средби со претставници од владата, парламентот, верските заедници и граѓанското општество за да разговараат за прашањата на верската слобода.

Амбасадорот разговарал за меѓуверската толеранција, важноста од отворен дијалог и борбата против насилниот екстремизам. Амбасадата спонзорирала работилница за верска слобода – прва од ваков вид во земјата – во која учествувале 30 гости.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *