Почетна Вести Европа Руските свештеници веќе не смеат да благословуваат нуклеарно и друго оружје за масовно уништување
Руските свештеници веќе не смеат да благословуваат нуклеарно и друго оружје за масовно уништување

Руските свештеници веќе не смеат да благословуваат нуклеарно и друго оружје за масовно уништување

147
1

Руското свештенство ќе мора да се воздржи од благослов на нуклеарно и друго оружје за масовно уништување, пишува во новите упатства на Руската православна црква.

Во своите две децении на власт, рускиот претседател Владимир Путин се доближи до црквата која разви блиски односи со Министерството за одбрана.

Руските свештеници често можеле да се видат на фотографии од подморници, балистички ракети, вселенски ракети на Сојуз и друга воена опрема додека ја прскаат со света водичка и ги благословуваат.

Ова треба да престане ако се донесе документот изготвен од црковната комисија.

„Благослов на оружјето не е во традиција на Православната црква и не е во согласност со обредите“, се наведува во документот објавен на веб-страницата на Московската патријаршија.

Благословот или осветувањето на оружјето што може да убие „неограничен број луѓе“, мора да биде исклучено од пастирската пракса, се додава во истиот документ.

Предлогот се очекува до 1 јуни на дебата во која граѓаните можат да се вклучат, соопшти Патријаршијата.

Во најочигледниот симбол за блиски врски помеѓу црквата и војската, вооружените сили градат своја раскошна катедрала во воен тематски парк пред Москва.

Коментар(1)

  1. Бесмислено. Благословот на осветувањето може само да помогне употребата на тоа оружје да биде што побогоугодна, што поблагобитијна и поефикасна. Треба да се знае прво мистичната вредност на производството на оружје, за да може правилно да се одлучува за ова прашање.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *